European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Какви истражувања и докази постојат за образованието за возрасни лица во Европа?

Политиките и обезбедувањето на образованието за возрасни лица треба да се базира на докази за ефикасноста на мерките. Европската комисија помага така што нарачува истражувања и ги доставува најновите информации до креаторите на политиките и клучните актери.


Анализа на ефективноста на политиките за образование за возрасни лица


Европската комисија објави студија во која ги наведе најновите докази за клучните фактори за успех што ги прават политиките за образование за возрасни лица ефективни. Во неа е вклучена рамка за анализирање на политиките и упатства за земјите членки за развивање и следење на ефективните политики за образование за возрасни лица. Ова е основа за „Алатката за анализа на политики“ на EPALE, која е дизајнирана да им помогне на креаторите на политики да ги проценат нивните политики за образование за возрасни лица и обезбедувањето образование за возрасни лица и да вршат подобрувања онаму каде што тоа е потребно.

Студија за ефективноста на политиките за образование за возрасни лица

Аналитичка рамка

„Алатка за анализа на политики“ на EPALE

Ситуацијата на образованието и обуката за возрасни лица значително се разликува во земјите членки на Европската Унија.
Европската комисија ја нарача оваа серија на длабински извештаи за состојбата на образованието за возрасни лица во секоја земја.
Наодите од овие 28 извештаи беа составени во извештај што ги идентификува главните трендови и предизвици со кои се соочува секторот за образование за возрасни лица низ целата ЕУ.



Истражување за вештините на возрасните лица


Европската комисија придонесува кон ПИААК, анкетата за образование на возрасни, која ја реализира ОЕЦД. што ја организира OECD. Истражувањето нуди реални податоци за вештините на возрасните лица во 40 земји низ светот. Тоа покажува дека голем процент од возрасните лица во Европа имаат тешкотии со основните вештини како што е алфанумеричката писменост и дигиталните вештини.

Резиме на анкетата за вештините на возрасните лица

Други корисни истражувања за образованието за возрасни лица

Еве неколку линкови до други истражувања и студии што се релевантни за образованието за возрасни лица, нарачани од ЕК:


Возрасни лица во средини за дигитално учење

Студијата ја опишува тековната состојба на учењето со помош на ИКТ, вклучувајќи и ОЕР во образованието за возрасни лица во разни земји.  Таа ги опишува многуте поволности од користењето на ИКТ во образованието за возрасни лица и нуди препораки за креаторите на политиките, за давателите на образовни услуги и за лицата што учат за најдобрите начини за користење на ИКТ.


Образование и обука за возрасни лица во Европа - проширување на пристапот до можности за образование

Публикацијата користи голем опсег показатели за детално да ги опише политиките и обезбедувањето на образованието и обуката за возрасни лица во земјите во ЕУ, со посебно внимание на најранливите групи на возрасни лица што учат, а особено на оние лица кои немаат основни вештини или имаат ниско или никакво ниво на квалификации.


Финансирање на секторот за образование за возрасни лица

Студијата ги анализира различните пристапи за финансирање на образованието за возрасни лица во поголем број земји на ЕУ, споредено со другите делови од светот. Таа ги истражува разните извори на финансирање и разните инструменти за финансирање и нуди препораки за креаторите на политиките.


Отворање на високото образование за возрасните лица

Студијата користи примери за добри практики од 15 земји за да ги истражи начините на кои високото образование може да се направи пофлексибилно и на тој начин попристапно за луѓето подоцна во нивните животи.


Клучни компетенции за професионалците во областа на образованието за возрасни

Студијата се базира на анализа на добрите практики во неколку земји. Таа ги идентификува клучните компетенции што е потребно да ги поседуваат професионалците што работат во секторот на образование за возрасни, вклучувајќи го не само подучувањето, туку и управувањето и развивањето на програмите. Студијата може да се користи за да се развијат профили за компетентност на кадрите што работат во областа на образованието за возрасни.


Континуирано стручно образование и обука во Европа - патот напредд

Оваа публикација ги синтетизира неодамнешните истражувања за продолжување на стручното образование и обука (CVET). Таа истражува како CVET придонесува за остварување на целите на економските и општествени политики, ги подвлекува главните постигнувања во практиките и политиките за CVET и ги истакнува пропустите во политиките и предизвиците што треба да се надминат.


Учење преку работа за продолжување на стручното образование и обука: политики и практики во Европа

Оваа публикација е базирана на студија на средно големи претпријатија во шест земји. Таа ги анализира политиките и практиките за образование базирано на работниот однос за C-VET, ги опишува главните форми и шеми на WBL за CVET и ги идентификува главните предности, потреби и предизвици.


Зголемување на вештините на невработените возрасни лица - организација, профилирање и таргетирање на обезбедувањето на обуките

Овој преглед се базира на извештаите во 33 земји. Тој ги опишува финансирањето, раководењето и имплементирањето на интервенциите за обука на невработени возрасни лица, нуди поуки за добри политики, ги подвлекува предизвиците со кои се соочуваат програмите за обука и дава препораки.