Blog
Blog

Иницијатива Приказни од заедницата 2021

Поднесете ја вашата приказна колку што е можно побрзо за да можете да истата да ја споделите, да добиете коментари и да ги инспирирате вашите колеги! 

The 2021 Community Stories initiative

ЕПАЛЕ го најавува новото издание на иницијативата Приказни од заедницата! Приказните од заедницата и даваат можност на ЕПАЛЕ заедницата да споделува приказни, перспективи и искуства кои ја одразуваат креативноста и стручноста на едукаторите на возрасни лица, за доброто на нивните колеги и целото поле на образование.  ЕПАЛЕ е посветено на собирање и документирање на ова неверојатно изобилство на проекти и искуства во полето на образованието за возрасни. Минатата година истражувавме како заедницата во областа на образованието на возрасни реагираше на Ковид-19 пандемијата и ова резултираше со збир од 114 страствени приказни кои зборуваат за реакцијата, креативноста и флексибилноста на педагогијата.  

ПОВИК

Целта оваа година е да се инспирираме преку собирање приказни за активностите во полето на образованието за возрасни во однос на Тематските фокуси за ЕПАЛЕ 2021. Повикот ќе биде отворен до 29 октомври 2021 година

Што би сакале да ни претставите преку вашите приказни за да ги збогатиме нашите познавања? 

  • Проектите во кои сте вклучени во моментов.
  • Најинтересните аспекти од вашето искуство како едукатор на возрасни лица.
  • Какви промени претрпела вашата работа изминативе години.
  • Идните предизвици во полето на образованието за возрасни и во вашето специфично поле на интерес.  

Кога зборуваме за Животни вештини за поттикнување на возрасните лица да учат и учествуваат, би сакале да се осврнеме на темите за унапредување на вештините и стекнување нови вештини за работа и животрелевантноста на основните вештини и итната потреба од здравствена и медиумска писменост, особено земајќи ги предвид показателите кои произлегоа од пандемијата. Што правите вие за да ги подобрите основните вештини и способности во поглед на дигиталната и демографската трансформација? 

Кризата со КОВИД-19 имаше невидено влијание врз образованието за возрасни и многумина во оваа област ги остави во прашалници што може следно да очекуваат. Дигиталната трансформација и можностите за комбинирано учење со себе ја носат потребата за преструктурирање на образованието согласно условите на дигиталната ера. Ова е клучна цел и сите сме свесни дека вие ги реорганизиравте вашите активности за подучување и обука во пресрет на Дигиталната транзиција. Како го изведувате најголемиот дел од комбинираното образование? Како ја одржувате мотивацијата на учениците со помош на дигитални средства? Какви можности се појавуваат?

На крајот, една огромна тема. Инклузивната социјална промена за одржливост и правичност повикува на акција со цел да се гарантира социјалната правичност и да се изгради издржлив систем кој ќе одговори на кризите. Ова значи дека треба да го гарантираме правото на образование на возрасните лица со попреченост и возрасните лица кои се социјално исклучени, за да им овозможиме целосно да учествуваат во општеството. Како вашите проекти се осврнуваат на темите за Социјална инклузија на ранливи групи, Диверзитет и Активно стареење? Како придонесувате кон одржливост преку образованието? 

Приказните треба да бидат точни, добро аргументирани и по можност да содржат линкови до проектите и да го почитуваат предвидениот број на карактери. Би сакале да дознаеме повеќе детали за вашето искуство, силните страни и ...зошто да не?...неуспесите и научените лекции. 

How to participate

Единствено што треба да направите е да го пополните апликацискиот формулар на веб-страницата, да вметнете една или повеќе слики и да ја споделите вашата приказна! Да ги повториме чекорите.  

ПОДАРОЦИ

Тоа не е сè! Годинава имаме изненадување за вас.

  • Првите 100 ЕПАЛЕ корисници кои ќе поднесат приказна согласно критериумите ќе добијат ЕПАЛЕ брендиран подарок!
  • Секој месец во периодот од мај до ноември ќе има наградна игра за корисниците кои ќе остават свои коментари под приказните: 5 корисници месечно од оние што ќе коментираат под објавените приказни кои ќе бидат избрани по случаен избор ќе добијат подарок. За да бидат подобни, коментарите мора да бидат релевантни и да се однесуваат на темата, па затоа споделете ги вашите мисли и коментирајте!  

Дали сте љубопитни кој е тој етички, инклузивен и симпатичен подарок кој го подготвивме за вас? Се работи за футрола/држач за полнење на мобилен телефон кој е рачно изработен од едно социјално претпријатие кое произведува занаетчиски додатоци од реупотребена кожа (остатоци од производствен синџир за висока мода) и кое вработува луѓе од неповолни средини. Значи, одлична комбинација од образование за возрасни, циркуларна економија и социјална одржливост.  Да го погледнеме!

  EPALE unique gift

 

Дополнително, на сите учесници кои ќе поднесат приказна согласно критериумите и кои ги исполнуват гореспоменатите барања, ќе им биде дадена екслузивна можност за обука која ќе се одржи помеѓу ноември и декември 2021 година на тема “Ефективни стратегии за да ги претставите и промовирате вашите активности и проекти во полето на високото образование”.

На крајот, сите објавени приказни ќе бидат вклучени во Збирката на Приказни од заедницата во изданието за 2021 година. Погледнете го изданието на Збирката на Приказни од заедницата!

ДА СУМИРАМЕ

Внимавајте да ја поднесете вашата приказна колку што е можно побрзо со цел да имате можност да ја раширите, да добиете коментари и да ги инспирирате вашите колеги!

Ве молиме обрнете внимание на следниве информации: - Приказните може да се поднесуваат до 29 октомври 2021 година, до крај на ден. - За да бидат земени предвид за награда, коментарите треба да бидат објавени најдоцна до 30 ноември 2021 година, до крај на ден.

Едвај чекаме да дознаеме нешто повеќе за вашите проекти и вашите иновативни решенија!

Submit your story!

 

Login (33)

Сакаш друг јазик?

Овој документ исто така е достапен и на други јазици. Ве молиме изберете еден од наведените подолу.
Switch Language

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!