Skip to main content
Blog
Blog

EPALE Збирката на приказни од заедницата е тука!

<p><span><span><span>114 inspirational stories from the pandemic: an impressive fresco of these challenging times, from the perspective of passionate adult educators.</span></span></span></p>

The EPALE Community Storybook 2020 is out!

Уште од самиот почеток на пандемијата со КОВИД-19, која е досега невиден предизвик за сите нас, почувствувавме дека нашата заедница е сериозно погодена од последиците на мерките за затворање и одржување социјална дистанца. Пандемијата сите нè принуди да се приспособиме на новите начини на работа и организација во полето на образованието. Тоа ги натера едукаторите да развијат иновативни онлајн техники за обучување, ги наведе да бараат нови решенија, да ги прифаќаат ризиците и да бидат поинвентивни. 

ЕПАЛЕ сакаше да ги поддржи едукаторите на возрасни лица и да ù овозможи на заедницата да се поврзе, да споделува искуства и меѓусебно да се инспирираат преку една комплетно нова иницијатива: Приказни од заедницата. Од самиот почеток, целите на иницијативата се да ù се овозможи на заедницата да ги раскаже своите приказни, да се надмине чувството на изолација и да се зборува за прашањата кои влијаеле на нивниот секојдневен живот и кои претставувале предизвик за нивните образовни активности.

За многу кус временски период добивме десетици приказни. ЕПАЛЕ заедницата се обедини за да се соочи со предизвикот и да ги сподели своите приказни, да ги поддржи своите колеги и да ја зголеми вредноста и иновативноста на образованието за возрасни.

Овие 114 инспиративни приказни од времето на пандемијата претставуваат импресивен колаж на ова време полно со предизвици, од перспектива на посветени едукатори на возрасни лица. 

За полесно читање, приказните ги поделивме во четири главни категории:

  • Социјална инклузија
  • Основни вештини
  • Култура
  • Работни вештини.

Секоја од овие категории вклучува импресивна разновидност на искуства, перспективи и идеи од цела Европа. 

Користевме и #тагови со цел да ве упатиме кон одредени теми или главната средина за учење. 

Заради причини поврзани со уредништвото, моравме да ги скратиме оригиналните текстови на приказните, кои понекогаш се предолги или опширно елаборирани. Но, со само еден клик на некоја од приказните ќе дојдете до целиот текст овде на ЕПАЛЕ платформата.

ЕПАЛЕ Збирката на приказни на заедницата 2020 е достапна за регистрирани корисници, па затоа не заборавајте да се најавите и да добиете пристап до збирката. Уживајте во читањето!

 

Sign in now!

Login (33)

Сакаш друг јазик?

Овој документ исто така е достапен и на други јазици. Ве молиме изберете еден од наведените подолу.

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!