Поимот „професионалец во областа на учењето за возрасни“ опфаќа широк опсег на луѓе и организации (вклучувајќи мрежи, групи и волонтери) кои работат во секторот на учењето за возрасни. Овде се вклучени:
- Давателите на услуги за образование на возрасни (вклучувајќи работодавачи, универзитети, невладини организации итн.), наставници, обучувачи, наставници стажанти и волонтери;
- Академските работници, студентите, истражувачите;
- Националната инфраструктура, националните мрежи и организации во областа на учењето за возрасни;
- Проекти и партнерства кои добиле финансиски средства или тие кои бараат средства;
- Претставници на медиумите што специјализираат во областа на образованието за возрасни лица;
- Креаторите на политиките на национално и европско ниво.
Multilingualism
EPALE спроведе анкета на корисниците во периодот април-мај 2014 година за да ги дознае ставовите на засегнатите страни во секторот на учење за возрасни во Европа за предложените функции на EPALE. На анкетата учествуваа 1.914 испитаници од 37 земји и се утврди дека поголемиот дел од испитаниците немаат проблем со користењето англиски јазик. Меѓутоа, EPALE е повеќејазична веб-локација и главните страници на платформата ќе бидат достапни на 24 јазици, додека некои од клучните информации ќе бидат достапни на главните 6 јазици на ЕУ (англиски, француски, германски, италијански, полски, шпански).

General
Програмата Grundtvig беше дел од Програмата за доживотно учење на ЕУ од 2007 до 2013 година. Таа ги поддржуваше поединците и организациите вклучени во нестручното образование за возрасни да учествуваат во европските активности и проекти за обука.
EPALE настана од потребата на засегнатите страни на Grundtvig да имаат простор за размена на идеи и практики за да ја развијат нивната професионална практика. Настаните и мрежите на Grundtvig овозможија простор за дискутирање за идејата за EPALE и започнување со нејзиниот развој.
Ги повикуваме мрежите и проектите кои ги поддржа програмата Grundtvig да се регистрираат како корисници на EPALE. Меѓутоа, EPALE се надева дека ќе допре и до други професионалци во областа на учењето за возрасни кои уште не се вклучени во европски проекти.
Платформата EPALE ќе нуди интерактивни функции кои ќе им овозможат на корисниците да се поврзат со други корисници ширум Европа, да се вклучат во дискусии и да разменуваат добри практики. Во библиотеката со ресурси веб-локацијата ќе објавува/упатува на ресурси создадени во рамките на програмата Grundtvig. Проектите ќе ги поттикнуваме на платформата да ги објавуваат своите настани и да ги споделуваат добрите практики или ресурсите кои ги создале.
Анкетата е спроведена во периодот април-мај 2014 година за да се добие појасна слика за потенцијалните корисници на EPALE и нивните потреби и претпочитања, со цел да се воспостават одредени водечки принципи за развој на веб-локацијата и заедницата.

На анкетата одговорија 1.914 испитаници од 37 земји. Најголем број испитаници се од Италија, а потоа следат Обединетото Кралство и Франција. Многу одговори пристигнаа и од Белгија. Некои земји се добро застапени во однос на нивната големина.
42 % од испитаниците се професионалци за образование за возрасни. За тие кои избираат повеќе од еден вид на организација, најчести комбинации се:
- наставници за возрасни лица кои работат како раководители и/или партнери на проекти на ЕУ;
- наставници за возрасни лица кои работат како раководители и/или партнери на проекти на ЕУ насочени кон кариерните услуги.

Повеќе од половина од испитаниците (53 %) не се согласуваат или воопшто не се согласуваат со изјавата „лесно е да се пронајдат информации за учењето за возрасни“. Тоа значи дека најмалку половина од испитаниците веруваат дека информациите за учењето за возрасни може полесно да се пронајдат.
Најпопуларни извори за добивање информации за образованието за возрасни се Европската комисија и меѓународните организации. За луѓето кои користат повеќе извори, најпопуларните комбинации се:
- Европската комисија и мрежите;
- Проекти и институции за образование за возрасни и академски извори.
Поголемиот дел од испитаниците претпочитаат класични веб-локации и е-билтени.
Најчесто избирани јазици за страницата се англискиот, францускиот и шпанскиот.

Target Groups/Stakeholders
На ЕПАЛЕ може да ги пронајдете најновите информации за секторот за образование за возрасни лица во Европа. Делот Вести на ЕПАЛЕ ги нуди најновите информации за образование за возрасни лица во Европа. Освен тоа, сајтот нуди и многу корисни алатки, како што е календарот на ЕПАЛЕ и Центарот за ресурси кој содржи најнови резултати од истражувања и анкети за образованието за возрасни
Ако сакате редовно да добивате редовни, ажурирани информации за образованието за возрасни, регистрирајте се на Платформата ...

Во центарот за ресурси (наскоро) на EPALE можете да најдете информации за добри практики, педагошки материјали, резултати од истражувања итн., кои може да ви послужат за развојот на политики и дискусиите.
Различните интерактивни функции, вклучувајќи ги и форумите за дискусија, ќе ви овозможат да пребарувате и пронајдете добри практики од професионалци во Европа и да спроведувате анкети. Ако сакате редовно да добивате ажурирани информации за учењето за возрасни, можете да се претплатите на нашиот билтен.
Ако барате други конкретни информации, контактирајте со нашата Служба за корисници на EPALE преку е-пошта на: helpdesk@epale-support.eu