European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Тркалезна маса на НСП тимовите од регионот

TreeImage.
LJUPKA KJURKCHIEVA

На 16ти и 17 септемви, во Бјелина се одржа Тркалезна маса на ЕПАЛЕ НСП тимовите во регионот. Домаќин на овој дводневен состанок/тркалезна маса беше Националниот тим за поддршка ЕПАЛЕ (НСП) Босна и Херцеговина. 

На Тркалезната маса присуствуваа членови на ЕПАЛЕ НСП од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговива. Вториот ден, со поврзување преку ЗООМ он-лајн апликацијата, на состанокот присуствување и координаторката на НСП ЕПАЛЕ Северна Македонија, која е запознаена со заклучоците од првиот и вториот ден од состанокот. 

Пвриот ден НСП тимовите работеа на усогласување на дневниот ред на V Регионална ЕПАЛЕ Конференција и другите детали потребни за успешно спроведување на овој настан кој ќе се одржи на 22ри и 23ти ноември 2021 година во он-лајн формат. Во организација на конференцијата учествуваат сите тимови кои присуствуваат на Тркалезната маса, а домаќин на овогодинешната, петта по ред, регионална ЕПАЛЕ Конференција е НСП ЕПАЛЕ Србија. 

Вториот ден беше посветен на продолжување на соработката во иднина на Националите ЕПАЛЕ тимови за поддршка од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. 

Националните тимови за поддршка ЕПАЛЕ од регинот разменија идеи и дадоа свои предлози за спроведување на нови активности на регионално ниво, и заклучија дека оваа успешна соработка ќе продолжи и во рамките на следниот циклус на програмата ERASMUS+ 2021/2027.  


Okrugli sto NSS EPALE timova iz regiona

Login (4)

Сакаш друг јазик?

This content may also be available in other languages. Please select one below
Switch Language

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!