European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Нов MOOC (Масовен отворен онлајн курс): Еразмус+ можности за финансирање за даватели на образование за возрасни

TreeImage.
LJUPKA KJURKCHIEVA

MOOC Erasmus+ funding opportunities for adult education providers

Добрата проектна апликација не само што значително ги зголемува вашите шанси за одобрување на барањето за финансирање, туку и ви обезбедува солидна основа за почеток и имплементација на вашиот проект. Во овој нов ЕПАЛЕ курс, ќе научите за прилагодувањата и промените направени во програмата Еразмус+ (2021-2027) и ќе добиете корисни и практични увиди во процесот околу одобрувањето на финансирањето.

MOOC ќе ви обезбеди конкретни детали за KA1 и KA2 проектите, како и придружни документи и алатки кои можат да ве водат и да ви помогнат во текот на пишувањето на апликацијата

Дополнително, три лекции ќе ви дадат увид во конкретните чекори од процесот на аплицирање, процесот на оценување и како најдобро да комуницирате со вашата Национална агенција. MOOC има многу практичен пристап и ќе обезбеди вредни сознанија и конкретни препораки за тоа што треба и што не треба. Наместо да ги повторувате информациите обезбедени од Комисијата кои се јавно достапни, овој MOOC ќе ви помогне подобро да го разберете процесот од гледна точка на НА/оценувачот и што значи тоа за подготовката на вашата апликација.

Курс за низок праг

Овој курс е достапен на EUAcademy и е бесплатен. Потребна ви е само EULogin сметка за да се регистрирате.

Можете да го користите вашиот лаптоп и да учите од дома или да го користите вашиот таблет/паметен телефон и да ги погледнете предавањата во движење. Од вас зависи!

Пред да се внесете во предавањата, можете накратко да ја погледнете содржината, која што ги содржи скоро сите лекции за инфографика и кратки анимирани видеа, и да процените дали таа е за вас.

Главните лекции на тема „Процесот на аплицирање и пишување“, „Процесот на оценување“ и „Апликацијата и работи што треба и што не треба да ги правите“ се достапни како видео презентација.

Цели и резултати од учењето

Откако ќе ги проследат осумте лекции, учесниците ќе научат за:

  • приспособувањата и промените во Еразмус+ програмата;
  • кои информации се достапни и корисни за нив;
  • што да се земе предвид при изборот на партнери во проектот;
  • процесите на аплицирање и оценување на апликациите.

Учесниците ќе:

  • научат каде да најдат алатки кои дополнително ќе им помогнат да научат за E+;
  • можат подобро да ги избегнат вообичаените замки за време на планирањето и пишувањето на апликацијата;
  • бидат запознаени со процесот потребен за оценување и одлучување по апликациите;
  • го подобрат нивното разбирање за тоа како успешно да пристапат кон нивната Национална агенција;
  • бидат подобро подготвени за да се справат со идните предизвици на Е+ проектот.

Некои лекции вклучуваат линк до анкетно прашање што ќе им помогне на учесниците да видат, на пр. од каде доаѓаат другите ученици, какви повратни информации добивале апликантите во минатото или кој дел од проектниот циклус бил најголем предизвик за другите. Тој е означен со Информирајте не!“.

Врската со EPALE

Со оглед на тоа што ЕУ континуирано бара начини за понатамошна поддршка на европските едукатори за возрасни, овој курс е развиен за EPALE заедницата на засегнати страни и поддржувачи на ALE (Adult Education and Learning) за да ги зголемат нивните шанси за добивање финансирање од Е+.

Образованието на возрасните отсекогаш било камен-темелник на ЕУ заедницата, но во последниве години стана уште поважно. За да се соочиме со предизвиците на денешницата, треба да им овозможиме на едукаторите за возрасни во Европа и пошироко, да работат на својата мисија и да ги постигнат своите цели за развој сo понатамошно ширење на понудите и алатките за ALE.

За да пристапите до MOOC, следете го овој линк, кликнете „Зачленете се“ и започнете со учење!

Login (30)

Коментари

Profile picture for user Dr. Szederkényi Éva.
Éva Szederkényi PhD
Community Hero (Gold Member).
Tue, 01/24/2023 - 13:29

Kérdésem az lenne, hogy az alapítványi egyetemek továbbra is ugyanolyan feltételekkel pályázhatnak az Erasmus partnerségekre? 

Login (0)

Сакаш друг јазик?

This content may also be available in other languages. Please select one below
Switch Language