European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

Излези од сенка - поддршка на руралните жени

„Излези од сенка“ е инспиративно видео кое ги сумира резултатите од проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени“. Погледнете го!

Profile picture for user Lifelong Learning Center.
Biljana MOJSOVSKA MANOJLOVA
Community Hero (Gold Member).
Националната Федерација на Фармери, успешно го заокружи проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“, во чиишто рамки, 12 претставници од членството на Федерацијата, преку обука се стекнаа со вештини и компетенции за користење на методологијата „ProfilPASS за жени – Ние можеме!“ како алатка за проценка на компетенции стекнати во животот. По завршувањето на обуката тие се здобија сертификати за советници за ProfilPASS за жени. Обуката ја спроведоа сертифицирани тренери од Центарот за доживотно учење од Скопје.
Оваа мерка имаше за цел да овозможи примена на алатката за советување на жените од руралните средини ширум земјава, со цел да им се пружи поддршка и охрабрување да се (ре)интегрираат во пазарот на труд.
По успешно завршената обука, советниците имаа можност практично да јработат со методологијата на терен со три кориснички, жени од рурални средини по советник, со што вкупно 36 жени добија ваков тип на  поддршка. 
Активноста е дел од проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“ и е поддржана од регионалните проекти „Социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан “и „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја во Југоисточна Европа“ кои ги спроведува Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
Видеото во прилог ги сумира резултатите од проектот и искуствата на советуваните жени. Погледнете го!
Овој исклучително позитивен резултат претставува пример за добра пракса за користење на ProfilPASS како алатка за проценка на компетенции која е исклучително корисна во советувањето на лица од ранливи категории. Повеќе за методологијата може да прочитате на: www.profilpass.mk како и на ФБ страницата на Центар за доживотно учење (Центар за доживотно учење/Lifelong Learning Center). Доколку сакате да дознаете повеќе за овој проект, а и да се информирате за работата на Националната Федерација на Фармери, посетете ја нивната веб-страница: www.nff.org.mk.
Attachments
Biljana MOJSOVSKA MANOJLOVA
FE8BQqCFOV_7T2fKHOac-HAgJ7keuavneLyjN2ejuyk
Login (0)

Want to write a blog post ?

Не двоумете се да го сторите тоа!
Кликнете на линкот подолу и започнете со објавување нова статија!