European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Resource Details

Ресурси

Истражување: Достапност на мерки за развој на компетенции и стекнување квалификации

TreeImage.
LJUPKA KJURKCHIEVA

Ова истражување се изведува за потребите на Здружението „Национален ромски центар“од Куманово, во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка на We Effect.

Предмет на истражувањето е сѐопфатен и систематичен преглед на можностите за образование на возрасни поединци со ниско ниво на основни вештини и квалификации, во еден поширок контекст, почнувајќи од политиките и стратегиите на државно ниво, стратешките документи кои ги креираат условите и го уредуваат образованието, надлежни институции, видот и опфатот на конкретни мерки, како и понудувачите кои изведуваат програми за формално (основно) образование на возрасни и програми за неформално образование на возрасните, што водат до стекнување знаења, вештини и компетенции и/или до стекнување на стручна квалификација.

Имајќи предвид дека проектот се реализира во 5 плански региони, во општините Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Велес и Прилеп, особен акцент ќе биде ставен на мапирањето на програми и можности за дооформување основно, односно посетување обуки за неформално образование што води до стекнување квалификации, развој на вештини и компетенции,кај понудувачи лоцирани во дадените општини.

Resource Details
Автор на ресурс
НРЦ во соработка со Билјана Мојсовска Манојлова
Вид ресурс
Студии и извештаи
Земја
Северна Македонија
Login (0)

Want to add a resource ?

Не двоумете се да го сторите тоа!
Кликнете на линкот подолу и започнете со објавување нов ресурс!