Resource Details
Ресурси

Прирачник за достапноста на мерките за развој на компетенции и стекнување квалификации

Овој Прирачник за достапноста на мерки за развој на компетенции и стекнување квалификации беше изработен во рамките и за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“, чијшто носител е Здружението „Национален ромски центар“ од Куманово, со финансиска поддршка на We Effect. 

Предмет на прирачникот е сѐопфатен и систематичен преглед на можностите за образование на возрасни поединци со ниско ниво на основни вештини и квалификации, во еден поширок контекст. Целта е на едно место да се сумираат можностите за дооформување формално (основно) образование и за посетување на верификувани програми за неформално образование што водат до стекнување знаења, вештини и компетенции и/или до стекнување стручна квалификација и се достапни во 6-те општини кои се вклучени во проектот: Куманово, Кичево, Кочани, Велес, Прилеп и Штип.

Прирачникот е изготвен на лесен, приемчив и разбирлив јазик. Концепциски и содржински е адаптиран за да биде користен од страна на организациите кои се оперативно во директна комуникација на терен со Ромките и Ромите како целна група на проектот, со цел да ги поддржи во процесот на работа со оваа ранлива категорија.

Имено, со помош на информациите содржани во овој прирачник, оперативците во разговор со Ромките и Ромите ќе можат подетално да им ја подвлечат потребата и корисноста на образованието и обуката и придобивките од истите и да посредуваат во отворањето на пристапот до образование за оваа ранлива категорија граѓани.

Resource Details
Resource author
НРЦ во соработка со Билјана Мојсовска Манојлова
Вид ресурс
Студии и извештаи
Login (0)

Want to add a resource ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new resource!