European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Постпородилната депресија не е табу тема - Програми за неформално образование на патронажни сестри, бремени жени и родилки

Profile picture for user Lifelong Learning Center.
Biljana MOJSOVSKA MANOJLOVA
Community Collaborator (Silver Member).

Центарот за доживотно учење - Скопје е дел од кампањата „ЗАЕДНО. За подобро утре.“ со која dm drogerie markt, како општествено одговорна компанија, сака да даде придонес во подигање на свеста за физичкото и менталното здравје на жените од Северна Македонија. Проектот, осмислен и предложен од Центар за доживотно учење беше еден од избраните во конкуренција од 40 други проекти.

,,Постпородилната депресија не е табу тема“, има за цел да даде придонес во подигање на индивидуалната, институционалната и колективната свест за менталното здравје на бремените жени и родилките, преку мерки за едукација за постпородилна депресија, како појава која зема се’ поголем замав и е предизвик и за самите бремени жени и родилки, но и за здравствените установи кои работат со нив. 

Со проектот ќе бидат опфатени:

1. Сто патронажни сестри на ниво на држава, кои ќе добијат специјално дизајнирана, бесплатна онлајн  обука за успешно препознавање на знаците на постпородилна депресија кај родилките и ќе им дадат соодветни упатства каде може да добијат стручна помош и поддршка

Обуката е еднодневна и ќе се реализира онлајн во следниве термини:

01.12.2023 – од 8 до 15 часот,; Рок за пријавување: 26.11.

15.12.2023 - -од 8 до 15 часот; Рок за пријавување: 10.12.

Јануари 2024  - датумот на одржување ќе биде дополнително соопштен;

Февруари 2024 – датумот на одржување ќе биде дополнително соопштен;

 

2. Триесет бремени жени и/или родилки, за кои е изработена специјална програма за едукација, преку која преку обука од 4 бесплатни онлајн двочасовни сесии, ќе се здобијат со детални информации кои ќе ги подготват како да ги препознаат симптомите на поспородилна депресија, како да се самооценат, како да си помогнат и каде да побараат поддршка.

Исто така, за поддршка на трудниците и родилките, беше развиен и прирачник, во кој се поместени сите суштински важни информации за родилката и нејзиното семејство, со напатствија за самопомош и помош од најблиските и насоки каде да побараат стручна помош. 

Обуките кои ќе се реализираат побудија особен интерес на здравствените установи ширум земјава и со тоа ја потврдија неопходноста од ваков вид едукација како моќна алатка во справувањето со постпородилната депресија, во пружањето поддршка на бремените жени и родилките, како и во унапредувањето на грижата за менталното здравје во целина.  

Login (0)

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!