European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ДИРА

TreeImage.
Monika Markovska
Community Contributor (Bronze Member).

Во рамките на проектот: „Дигитална инклузија на возрасни Роми: стекнување знаења и вештини за е- Услуги“, се одржа настан за вмрежување на кој беа презентирани планираните активности во наредните две години. Координатор на проектот е финската фондација Деаконес, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола и Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ- Битола, како и партнери од Италија и Србија. Проектот е финансиран од Европската Комисија, преку Еразмус + Програмата, во областа на партнерства за соработка во образованието за возрасни. Целта на настанот беше промоција на проектните активности кои ќе резултираат со подобрување на социо- економската положба на возрасните Роми преку ИТ образование и развој на дигитални вештини и компетенции што ќе ја оспособат возрасната популација и социјално загрозените луѓе да почнат да користат достапни електронски уреди и услуги. Проектот ДИРА нуди платформа за учење и тренинг на возрасни за користење на е- Услуги и електронски уреди, што го поддржуваат образованието за возрасни. Проектот има значително влијание на локално, национално, регионално и меѓународно ниво. На настанот се обрати проф. д-р Јасмина Буневска Талевска- проректор за студентски прашања, при што ја истакна важноста од реализација на вакви проекти и вклучување на студентите во реализација на планираните активности. Во своето излагање ја поздрави оваа иницијатива и изрази подготвеност за поддршка на сите проектни активности, кои се од значење за Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола. Проф. д-р Андријана Боцевска се осврна кон целите, задачите и активностите на проектот, додека проф. д-р Никола Рендевски ја образложи платформата за учење ДИРА. м-р Фатма Бајрам Аземовска од партнерската организација СУМНАЛ, го истакна значењето на образованието на возрасни и смета дека ваквите проекти овозможуваат да се намали дигиталниот јаз, што е присутен кај ранливите категории на граѓани, особено кај ромската заедница. Викторија Михајловска ги презентираше добиените резултати од истражувањето, што беше реализирано од страна на СУМНАЛ, во изминатиот период. Особена поддршка имаше и од страна на претставниците на Министерство за информатичко општество и администрација, кои ја изразија подготвеноста за соработка. Од конструктивната дискусија за време на настанот произлегоа сугестии и предлози за подобрување на платформата ДИРА, како и фокус кон социјална инклузија на возрасните во делот на дигиталните вештини. На настанот, од страна на ЕПАЛЕ амбасадорите м-р Фатма Бајрам Аземовска и проф. д-р Моника Марковска беше презентирана електронската платформа за учење за возрасните ЕПАЛЕ. Присутните имаа можност да се запознаат со придобивките од најголемата платформа за учење на ниво на ЕУ. Во рамките на оваа дискусија стана збор за пристапот до големиот број на образовни ресурси, стратешки документи, блогови, настани и алатки за вмрежување што ги нуди ЕПАЛЕ во рамките на областите: поддршка на ученици, околини за учење, животни вештини, развој на политиките во образованието за возрасни и добри практики и подобрување на квалитетот во работењето.  

Login (0)

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!