European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Активни ИПА мерки за лица корисници на ГМП

TreeImage.
NEVENKA LONGUROVA GIROVA
Community Contributor (Bronze Member).

Aко сте корисници на ГМП (гарантирана минимална помош), до 28.2.2022 имате можност да пријавите за oбуки за побарувани занимања. Додека се реализира обуката (3 месеци) лицата добиваат по 9000 денари месечно. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови:

  • Негувател/ка на деца -Кавадарци, Штип, Струмица, Струга, Крушево, Битола, со завршено минимум средно образование,
  • Негувател/ка на стари и немоќни лица - Битола, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Охрид, Струмица, Скопје, Штип, Дебар, Кочани, Крива Паланка, со завршено минимум основно образование,
  • Личен асистент на лица со попреченост - Куманово, Велес, со завршено минимум средно образование,
  • Педагошки помошник за ученици во основно образование – Скопје, со завршено минимум средно четиригодишно образование,
  • Службеник во сметководство / книговодство - Кавадарци, Струмица, Куманово, со завршено минимум средно образование,
  • Фризер- Гостивар, Куманово, Скопје, Струмица, Тетово, Штип, со завршено минимум основно образование,
  • Шминкер - Скопје, Струмица, Штип, Тетово, со завршено минимум основно образование,
  • Слаткар – Гостивар, со завршено минимум основно образование,
  • Готвач – Велес, со завршено минимум средно образование,
  • Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин – Кочани, со завршено минимум основно образование,
  • Заварувач - Куманово, Тетово, Штип, со завршено минимум основно образование,
  • Собирач на секундарни суровини – Скопје, со завршено минимум основно образование,
  • Дигитален маркетер - Скопје, Куманово, Битола, со завршено минимум средно образование,
  • Оператор за графички и веб дизајн - Куманово, Битола, со завршено минимум средно образование и
  • Шивач - Куманово, со завршено минимум основно образование.

​​​​​​​Информирајте се во Центрите за вработување!

Login (0)
Themes addressed

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!