European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

Одржана 7. Регионална ЕПАЛЕ Конференција: Европска година на вештини

7. Regionalna EPALE konferencija održana je 9 - 10. 11. 2023. godine na Jahorini u Bosni i Hercegovini

TreeImage.
LJUPKA KJURKCHIEVA

Во рамките на проектниот циклус ЕПАЛЕ 2022-2024, Агенцијата за предучилишно, основно и средно образование и Државниот тим за поддршка (НСП) ЕПАЛЕ Босна и Херцеговина во соработка со НСП ЕПАЛЕ тимовите од Србија, Словенија, Хрватска, Северна Македонија и Црна Гора, ја организираше 7. Регионална ЕПАЛЕ Конференција: Европска година на вештини, во периодот 9-10.11.2023 година. Дводневниот настан се одржа во хотелот Вучко на Јахорина. 

Конференцијата ја отвори директорката на агенцијата за предучилишно, основно и средно образование, Маја Стојкиќ. Сите присутни ги поздрави и државниот координатор за ЕПАЛЕ во Босна и Херцеговина, Синиша Гатариќ.

Првиот ден на конференцијата, учесниците имаа можност во текот на панел излагањата да слушнат повеќе на темата Европска година на вештини од стручњаците во регионот. Претставничката на Андрагошкиот центар на Словенија, Звонка Пангрц Пахерник зборуваше на тема Европската година на вештини - одлична можност за образование на возрасни?!. Во текот на презентирањето, добри практики од Хрватска споделија претставниците на Агенцијата за стручно образование и образование на возрасни, Марио Вучиќ и Оњен Пиљек Жиљак. Претставниците на Хрватска говореа за Стратешкото позиционирање и развојните цели на образованието за возрасни и микроквалификациите и ваучерите.  

Во вториот дел од конференцијата, учесниците имаа можност да учествуваат во паралелени работилници кои имаа за цел да придонесат кон подигнување на квалитетот на работата со возрасните ученици. Првата работилница беше на темата Вештини за превенција на burn-out синдромот. Модераторката на работилницата беше Свјетлана Јоветиќ Копривица, професорка за медиумска писменост од Црна Гора. Втората работилница беше на тема Вештини за работа со млади: учи, мисли и делувај за млади. работилницата ја модерираше Зорана Товиловиќ Главаш, претставничка на институтот за развој на млади Култ од Босна и Херцеговина. Третата рработилница беше на тема Проектно-ориентирана настава во образованието за возрасни, а модератоки беа претставничките на Фондацијата Темпус од Србија, Татјана Петровиќ и Маријана Пантиќ. Сите презентации од првиот ден достапни се за превземање преку овој EПАЛЕ ресурс.

Вториот ден од конференцијата, учесниците имаа можност да учествуваат во панел дискусија на тема Вештини за живот и работа. Секоја земја учесничка имаше свои претставници во рамките на панелот. Експерти од областа на образованието за возрасни, претставници на институции, практичари и креатори на образовни политики од 6 земји од регионот ги споделија своите искуства и размислувања на темата. Во панелот учествуваа: Бригита Кундер, директорка на Народниот универзитет Словенска Бистрица од Словенија, Гордана Бошковиќ, државна ЕПАЛЕ координаторка за Црна Гора од Центарот за стручно образование на Црна Гора, Александра Михајловиќ Бијалиќ, раководителна на Центарот за дуално образование и образовни политики на Стопанската Комора на Република Српска од Босна и Херцеговина, Маја Холек, директорка на Народното отворено училиште Копривница од Хрватска; билјна Мојсовска Манојлова, основач на Центарот за доживотно учење од Скопје, Северна Македонија и Татјана Радовиќ, психолог од Училиштето за основно образование за возрасни „Браќа Стаменковиќ“, Белград, Србија. 

Регионалната соработка на шесте земји од Југоисточна Европа во рамките на Еразмус+ прогарамата, ЕПАЛЕ трае веќе 8 години, а домаќинот на 7та Регионална Конференција беше Босна и Херцеговина. Регионалната Конференција обедини 100 учесници од областа на образованието за возрасни од регионот. Професионалците од 6 земји имаа можност во текот на два дена коференциска програма во размена на добри практики и исуства со учеството во работилниците и панел дискусиите да се стекнат со нови знаења за европските политики во областа на образованието за возрасните и водината на вештини, како и да ја зајакнат соработката на регионално ниво. 

Конференцијата ја затвори заменичката на директорката на Агенцијата, Милана Попржен и ја најави 8та Регионална ЕПАЛЕ Конференција за 2024 година која ќе се одржи во Црна Гора.  

Фото албумот од Конференцијата можете да го погледнете на линк до Facebook страницата на EPALE BiH.

vvv

555

 

jhgglkjjffff

Login (11)

Коментари

TreeImage.
TRABZON İL MİLLİ EĞİTİM MÜDÜRLÜĞÜ
Community Collaborator (Silver Member).
Fri, 11/17/2023 - 07:47

Regional EPALE Conferences are good events. We have opportunity to come together and exchange ideas

Login (0)

Сакаш друг јазик?

This content may also be available in other languages. Please select one below
Switch Language

Want to write a blog post ?

Не двоумете се да го сторите тоа!
Кликнете на линкот подолу и започнете со објавување нова статија!