European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

Free Your Mind - Start New Life (МК)

Free Your Mind - проект кој директно таргетира емоции, приоритети, свест и внимание преку разни иновативни методи за развивање ментално здравје

TreeImage.
Todor Marjanovikj

Free Your Mind - Start New Life е КА2 проект во програмата Еразмус+ кој го промовира менталното здравје и неговиот развој кај младите преку обезбедување на различни иновативни техники за подигање на свесноста, вниманието, идентификувањето и справувањето со различни емоции, а исто така обезбедува техники за справување со приоритети.

Youth on Board од Северна Македонија  е меѓу трите партнерски организации кои работат на проектот, а кои вклучуваат тим од Полска и Португалија.

Преку нашата работа создадовме Tool Book за млади луѓе која нуди техники и методи за справување со тешки или непознати емоции преку нивно идентификување, нивните корени и нивното влијание врз нашето ментално здравје. Вклучува и техники за тренирање на нашата свесност и подигање на ниво на кое поединецот може да се чувствува удобно и единствено. Конечно, Книгата со алатки исто така дава методи за организирање на приоритетите, прво преку нивно идентификување, согледување на нивната важност и ефект и конечно справување со нив на конкретен начин.

Дополнително, Youth on Board работеше и на создавање на Tool Book за обучувачи што содржи различни примери на практики и активности кои може да се искористат за директно насочување на стереотипите и предрасудите, вниманието, позитивната комуникација и како да се работи со стресот.

Уште еден позитивен резултат од овој проект е картичките на „Board Game - Milestone Cards“ развиени од португалскиот партнер како креативен метод во справувањето со емоциите и нивниот ефект.

Проектот „Free Your Mind“ го помина својот успешен тек и дојде до својот крај. Сега е време неговите резултати да бидат промовирани и искористени од јавноста за позитивен фидбек!

Login (0)
Themes addressed

Want to write a blog post ?

Не двоумете се да го сторите тоа!
Кликнете на линкот подолу и започнете со објавување нова статија!