European Commission logo
Oħloq kont
Tista’ tagħżel diversi kliem b’virgola diviżorja

EPALE - Pjattaforma Elettronika għat-Tagħlim tal-Adulti fl-Ewropa

RIŻORSA

Социјалните претпријатија како императив за социјални промени во Република Северна Македонија

TreeImage.
Monika Markovska
Community Contributor (Bronze Member).

Социјалното претприемништво претставува релативно нов феномен, но идејата и практиката за истото датираат многу одамна. Иако мислата за социјалното претприемништво егзистира долго време, денес како резултат на глобализацијата добива на значење и станува се повеќе актуелно. Постојат бројни успешни приказни кои се повеќе ја зголемуваат популарноста на овој концепт. Но, се поставуваат основните прашања што претставува социјалното претприемништво? Како се дефинира социјалното претприемништво? Кои се социјалните претприемачи? Социјалните претприемачи отсекогаш постоеле. Но, во минатото тие биле нарекувани визионери, хуманитарци, филантропи, реформатори или едноставно одлични лидери. Вниманието беше фокусирано на нивната храброст, визија но, ретко на практичните аспекти на нивните достигнувања.

Социјалното претприемништво се дефинира преку два составни елементи: стратегиски фокус на социјалното влијание и иновативен пристап при остварување на мисијата. На тој начин, комбинацијата на социјалната мисија и претприемачката креативност овозможува социјалното претприемништво да се разликува од останатите јавни, приватни или активности на граѓанскиот сектор. Во практиката, за да се разликува социјалното претприемништво од другите потфати бара внимание кон два организациски елементи: фокус кон социјалната мисија (резултатите од акциите ја даваат социјалната компонента и оперативните процеси (пристапот кон акциите ја даваат претприемачката компонента).

Интересот за социјалното претприемништво стана императив за социјални промени, стана круцијален фактор за благосостојба на општествата. Shaker A. Zahra et al. идентификувале 4 клучни фактори кои даваат одговор на прашањето зошто социјалното претприемништво стана глобален феномен. Основните 4 фактори кои се двигатели на глобализацијата на социјалното претприемништво се: глобалната нееднаквост на богатството, движењето за корпоративна општествена одговорност, пазарните, институционални и државни неуспеси, и напредокот на технологијата и заедничката одговорност (Shaker at all). Социјалното претприемништво се случува меѓу трите сектори во економијата (јавниот сектор, приватниот сектор и граѓанскиот сектор). Модерното општество ќе биде кохерентно ако постои подготвеност да се иновира со нови начини на дистрибуција на благосостојба. Тоа е она што го прават социјалните претприемачи, затоа тие играат важна улога во општеството. Модернизацијата ќе биде успешна ако се креираат нови форми на благосостојба преку претприемништво и иновации. Некои од иновациите ќе произлезат од нови идеи и политики. Но, идеите нема да функционираат ако тие не бидат реализираниорганизациски и институционално. Притоа мора да се користат новите институции и новите идеи. 

Развојот на социјалното претприемништво и социјалните претпријатија во Република Северна Македонија е поврзан со случувањата во граѓанскиот сектор, како што се ограничената финансиска поддршка за услугите што ги обезбедуваат, децентрализацијата и деинституционализацијата на системот за социјална заштита, поволната правна и институционална рамка, зголемената финансиска поддршка за развој на социјални услуги кои ги обезбедува државата и влијанието на меѓународната донаторска заедница врз можностите за финансирање. Во ваков контекст, социјалното претприемништво се појави како нова област која во последната деценија го привлече вниманието и истражувачките активности на граѓанското општество и академските институции.

Resource Details
ISBN
25454439
Awtur tar-Riżorsi
Моника Марковска
Login (0)

Want to add a resource ?

Toqgħodx lura milli tagħmel dan!
Agħfas fuq il-ħolqa t'hawn taħt u tella' riżorsa ġdida!