European Commission logo
Логирај се Креирајте профил

Popular searches on EPALE

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Меѓународна недела на среќата на работното место

На 21-ви и 22-ри ноември 2024, се одржа настанот: „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, во организација на М6 Едукативниот центар, со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија во рамките на проектот Образование за вработување на Хелветас.

На овој дводневен настан со свои излагања се вклучија 35 експерти од земјава и странство, кои преку 4 панел дискусии и 12 работилници, споделија успешни практики за создавање среќни и продуктивни работни места и пренесоа знаења и искуства од водечки организации. 

На овој начин, М6 ги стави во фокусот клучната улога и значењето на вложувањето во благосостојбата на вработените и на работните тимови, како и на негувањето на културата на почит, инклузивност и континуирано учење, како придонес кон позитивни промени во корпоративната култура во земјата.

Информации за Меѓународната недела на среќата како глобална иницијатива може да најдете на https://internationalweekofhappinessatwork.com/.

Likeme (0)