КОНЦЕПТ Учење преку работа во Република Северна Македонија
Учењето преку работа (УПР) е процес на учење што се случува кога учениците вршат реална работа во реална работна средина. Оваа работа во процесот на учење води до генерирање реални стоки и услуги и може да биде платена или неплатена.
Целта на овој концепт е да се обезбеди училиштата, работодавачите и институциите да започнат со воедначен пристап во имплементацијата на Учењето преку работа, посебно за училиштата кои го пилотираат модернизираното четиригодишно СОО, но и да помогне во реализацијата на феријалната практика. Исто така, овој концепт ќе биде поддршка за реализацијата на тригодишното СО/стручно образование за занимања, како и Стручното оспособување, каде практичната обука е застапена со најмалку 40 % од образовниот процес и со отворена можност да се реализира кај работодавачи. Овој концепт, исто така е основа за нормативно уредување на спецификите на УПР, и за изготвување дополнителни упатства и насоки кои ќе обезбедат поквалитетна и воедначена негова имплементација. УПР треба да се разбере како процес кој треба во иднина да се одржува и да се надградува.
Овој Концепт е пподготвен од Центарот за стручно образование и обука со поддршка на проектот „Образование з авработување во Северна Македонија (E4E@mk) и Европската Фондација за обука, и е усвоен од Министерството за образование и наука со одлука со број 08-4305/2 од 13.04.2020.