European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Тренинг за мултипликатори во рамките на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time … and now“

Во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, успешно се одржа тренингот за мултипликатори, кој е дел од проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time … and now“.
На овој настан присуствуваа ентузијасти, раскажувачи и поддржувачи на ромската култура, обединети околу заедничката цел - промоција на Европската книга со ромски бајки и подготовка на претстојните настани за раскажување приказни. 
 Целта на тренингот беше да се информираат присутните за проектот, неговата содржина, цели и очекувани резултати, како и да се обезбеди поддршка на раскажувачите во планирањето и спроведувањето на идните настани. Учесниците имаа можност да се запознаат со техниките за раскажување приказни и начини на анимирање на публиката, со цел да го пренесат духот на ромските бајки до новите генерации. 
Оваа иницијатива продолжува да ја зајакнува културната сцена во нашата заедница и да ги промовира вредностите на солидарност, толеранција и креативност преку волшебниот свет на бајките. Со заеднички труд и ентузијазам, создадовме основа за незаборавни настани кои ќе инспирираат многу идни раскажувачи и љубители на приказни.
 Благодарност до сите учесници и поддржувачи на овој проект. Нека магијата на бајките продолжи да живее во нашите заедници! 
Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а има за цел да ја промовира ромската култура и традиција преку приказни раскажани од Роми. Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.
Likeme (0)
Themes addressed