European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

News

Новости

Одржан ВЕБИНАР: Образование за родители, или како да се биде родител од новото време

TreeImage.
LJUPKA KJURKCHIEVA

Во рамките на ЕПАЛЕ академијата, ЕПАЛЕ Нaционалниот сервис за поддршка организираше вебинар на тема: „Образование за родители, или како да се биде родител од новото време“. Целта на овој настан беше да го одбележиме 15-ти мајМеѓународниот ден на семејството и да придонесеме кон подигнување на свесноста  на родителите и старателите за образованието и воспитувањето на децата и нивната благосостојба, но и да го назначи значењето за воспоставување на баланс помеѓу работата на родителите и нивната семејна улога. Кои се предизвиците кои ги носи родителството во современото живеење? Имаат ли родителите потреба од дополнителна поддршка? Што се прави на оваа тема кај нас и дали постојат меѓународни искуства од кои можеме да научиме?

Во рамките на настанот, имавме чест да слушнеме излагања на неколку говорници, кои со своето огромно искуство, и од наука и од пракса, навистина го привлегоа вниманието на слушателите. 

М-р Гоце Бумбароски, одделенски наставник во ООУ Кочо Рацин – Прилеп зборуваше на темата „За сѐ што им замерувате на децата, тие тоа го виделе токму кај вас!“. Ред. проф. д-р Деан Илиев од УКЛО се обрати на темата "Дидактика за родители-нова перспектива на воспитно-образовниот процес, а професорката Татјана Зорчец, психолог, од Македонска асоцијација за применета психологија СИМБОЛИКУМ Скопје, го презентираше Еразмус+ проектот: „Синергeтско образование на родители со деца со посебни потреби“, во кој слушнавме за предизвиците на родителите, но и како образованието на родители може да се унапредува на меѓународно ниво. 

На крајот, ЕПАЛЕ координаторката,  Љупка Ќуркчиева, накратко ја презентираше ЕПАЛЕ платформата и функционалностите кои овозможуваат пристап до ресурси релевантни за образованието за возрасни. 

Дискусиите и прашањата од учесниците открија интерес и потреба за подобрување на родителските вештини и знаења. 

Се надеваме дека овој мал настан ќе биде поттик за поголем интерес на јавноста за оваа тема во наредниот период.

ЕПАЛЕ Национален Сервис за поддршка

Login (0)

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!

Latest News

Претстојни настани