European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Македонскиот јазик – дел од големото европско семејство јазици во ЕПАЛЕ

Со огромно задоволство објавуваме дека, деновиве, конечно, ЕПАЛЕ добива нова, поубава верзија на МАКЕДОНСКИ јазик. И тоа не е само едноставен превод на Платформата, туку е и можност ЗА ПРВ ПАТ нашите корисници да објавуваат блогови, новости, настани и ресурси на МАКЕДОНСКИ јазик.

Истата е веќе во функција, и може да се види доколку горе десно, во делот за јазици се избере: македонски (со кирилично писмо) или на следниот линк: https://epale.ec.europa.eu/mk/home-page.

Голема благодарност изразуваме кон Централниот сервис за поддршка и нивната заложба и трпение за сето ова да стане реалност.

Ве молиме за разбирање за евентуалните пропусти или недоследности во преводот, интензивно работиме на исправање на техничките грешки и усовршување на сите сегменти.

ЕПАЛЕ МК НСС

Likeme (1)