European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Тркалезна маса одржана во Скопје – Соработка на ЕПАЛЕ НСП од регионот

Во периодот 08-09.04.2025 година, ЕПАЛЕ НСП тимот на Република Македонија беше домаќин на Регионална тркалезна маса која се одржа во Скопје, Република Северна Македонија. Оваа годишна средба се реализира во рамките на Регионалната Балканска соработка на ЕПАЛЕ НСП од 6 земји: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. 

На нашата агенда беа неколку важни настани кои ќе ја обележат 2025 година. 

Започнуваме со подготовките за IX Регионална Конференција, чии домаќини оваа година ќе бидат колегите од НСП Словенија. Регионалната Конференција ќе се одржи на 25.09.2025 година и програмата ќе истражува како секоја од земјите се подготвува и придонесува кон развој на вештините на иднината. Инспиративни говорници и личности со влијание од регионот ќе дискутираат за тоа каква е состојбата во политиките во вклучените земји во однос на вештините на иднината, што тоа тие всушност значат и како се дефинираат, како и улогата на образованието за возрасни во дефинирањето на овој процес. Посебен фокус на оваа конференција ќе биде посветен и на одбележување на 10 години од постоењето на ЕПАЛЕ, јубилеј на кој ќе му посветиме заеднички панел на ЕПАЛЕ амбасадори и практичари, кои ќе споделат лични искуства од како ЕПАЛЕ помогнала во нивниот личен и професионален развој во минатите 10 години. 

Во продолжение на Регионалната ЕПАЛЕ Конференција, ќе се одржи и регионална обука за ЕПАЛЕ Амбасадори, на која, нашите драги соработници од 6-те вклучени земји ќе работат на теми поврзани со употребата на вештачка интелегенција во креирањето на едукативни содржини, како и на ветините кои секој ЕПАЛЕ треба да ги поседува и развива со цел поголема мотивираност и вклученост на целните групи. 

Посебен дел од Тркалезната маса беше посветен на компоненетата на набљудување на работно место. Се работи за регионална берза на знаење и вештини, во која секоја од вклучените земји нуди експертиза во одредени области од образованието за возрасни на претставници од друга земја која смета дека во соодветната област има потреба од дополнителни знаења и искуства. Оваа активност е наменета за претставници на НСП, експерти, провајдери во образование за возрастни итн. Темите за соработка се веќе дефинирани, а во наредниот период дополнително ќе бидат објавени конкретните можности и начинот на нивна реализација. Како резултат на оваа активност, ќе произлезе Прирачник за добри практики, кој ќе ги сумира искуствата на вклучените социјални партнери и понатаму ќе служи како практичен водич во дефинирањето на регионалниот потенцијал на образованието за возрасни. 

Од средбата си заминуваме со позитивна енергија и ентузијазам во развојот на заедничката соработка, со верба во конкретни резулатати кои ќе и дадат посебен белег на ЕПАЛЕ Платформата. 

Likeme (1)
Themes addressed