European Commission logo
Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

Blog

Библиотеката – темел на писменоста и најпосакувано место во градот

Библиотеките треба да станат центри на културата и внатре да ги интегрираат и децата, и возрасните, и најстарите лица

Profile picture for user Fatma Bajram Azemovska.
Fatma Bajram Azemovska
 

Библиотеките треба да станат центри на културата и внатре да ги интегрираат и децата, и возрасните, и најстарите лица. Тоа значи дека библиотеката мора да стане најпосакуваното место. Ако не стане библиотеката најпосакувано место, тогаш значи дека други места од градот стануваат најпосакувани места за младите, како што се обложувачници, кафе-барови, нешто што е доминатно денес наспроти образование, знаење, наука, книга, смета универзитетскиот професор Кирил Барбареев.

Тој додава дека контекстот во кој се наоѓа целокупната библиотека е истиот контекст во кој се наоѓа општеството и затоа државата мора да тргне поенергично со друга визија и друг квалитет на луѓе, со други профили на одлуки што ќе го подигнат нивото.

– Ако се стави приоритет на образованието во нашето општество како клучен приоритет за реформата на сето она што всушност се општеството и државата, тогаш ќе можеме да го фатиме чекорот и ќе можеме да се трансформираме и да ја промениме парадигмата што е клучно за она што е всушност општество во 21-от век, што е тоа библиотеката во 21-от век, што е тоа училиштето во 21-от век, што е тоа професорот, наставникот, ученикот. Суштината е дали ние имаме визија во еден пократок или подолг временски период да се посветиме и да работиме на овие теми заедно, бидејќи интегрираноста, мрежниот концепт на споделување и создавање институции, кои едни со други ќе се надополнуваат, е иднината на библиотеките, потенцира професорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Кирил Барбареев.

Професорот д-р Мито Спасeвски смета дека темата за библиотеката е исклучително важна. За него, библиотечната дејност е еден од столбовите на опстојбата на духовните творечки, културолошки и јазични аспекти на секоја нација, на секоја популација.

– Таа претставува срж и претставува основоположништво што го доближува човекот до вредностите на творештвото. Библиотечната дејност претставува една од најплодните артерии што ги афирмира вредностите во различни аспекти, вклучително и во делот на литературата, смета професорот Спасевски од Педагошкиот факултет во Скопје.

Интересно е размислувањето на професорката д-р Виолета Мартиновска, која смета дека библиотеката е темел и предизвик на современото човештво, бидејќи нема напредок, нема прогрес, ако не се чита, ако не се влегува во библиотека.

– Најмоќната титула што се слави годинава е 1.150 години од смртта на свети Кирил Философ, всушност беше неговата функција – библиотекар во далечниот 9-ти век. Библиотеките се неминовни во развојот на човештвото, бидејќи ги нудат сите тие потреби за морална, внатрешна, етичка и интелектуална потреба. Сите оние проблеми на 21-от век мислам дека може да се решат низ феноменот на библиотеките, смета професорката Мартиновска.

Login (0)

Want to write a blog post ?

Не двоумете се да го сторите тоа!
Кликнете на линкот подолу и започнете со објавување нова статија!

Latest News

Претстојни настани