European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Ресурси

Креативноста како клучен елемент во системско- процесниот пристап КИР во иновацискиот менаџмент

Современите истражувања се повеќе го потврдуваат фактот дека претприемачите и менаџерите се свесни за важноста на иновациите. Истражувањата потврдуваат дека иновативните организации кои се способни да ги користат иновациите за да ги подобрат нивните процеси или да ги разликуваат нивните производи и/или услуги се конкурентни, мерејќи во термини на пазарно учество, профитабилност и развој. Организациите постојано се обидуваат да разберат како да иновираат. За таа цел истражувачите се фокусираат кон истражување на насочувачите и поддржувачите на процесот на иновациите. Креативноста се манифестира од страна на индивидуалец, група, организација или пак од сите наведени работејќи заедно, за да продуцираат креативен резултат. Креативноста доаѓа до израз и претставува основа за генерирање на потенцијални идеи за иновации. Целта на овој труд е да даде јасна слика врз основа на теоретско истражување што претставува креативноста и како истата е во корелација со иновациите. 

Resource Details
Автор на ресурс
Моника Марковска
Вид ресурс
Друго
Земја
Северна Македонија
Likeme (0)