European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Завршна средба и Европска конференција на проектот „pROceed goes practise“

 СУМНАЛ учествуваше на завршната средба и Европската конференција на проектот „pROceed goes practise“ во Халандри, Грција (13–16 април 2025 година)
Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ беше активен учесник на завршната средба на партнерите и финалната Европска конференција во рамки на проектот „pROceed goes practise“, финансиран од Европската Унија, кој цели кон подобрување на пристапот до вработување на Ромите преку професионална ориентација и подготовки за вклучување на пазарот на труд.
 Завршната средба (13–14 април) беше одлична можност за координација меѓу партнерите, финализирање на извештаите и размена на искуства. Нашите претставнички Фатма Бајрам Аземовска и Викторија Михајловска активно учествуваа во дискусиите и придонесоа со перспективи од теренот и од досегашната работа на СУМНАЛ во областа на социјална инклузија, образование и вработување на Роми во Северна Македонија.
 На Европската конференција (15 април), Фатма Бајрам Аземовска беше една од главните говорнички, каде што зборуваше за потребата од професионална ориентација и системска поддршка на младите Роми во процесот на подготовка за пазарот на труд. Таа го истакна значењето на локалните организации како двигатели на позитивни промени во заедницата.
 На конференцијата беа презентирани:
- Прирачници и наставни материјали за работа со возрасни Роми
- Водич за професионална ориентација на млади Роми
- Алати за работодавци за поттикнување на инклузивно вработување
- Преглед на мерките за подготовка за работа во секоја од земјите-партнери
 СУМНАЛ беше дел од панелот за проценка на спроведените мерки, заедно со партнерските организации од Србија, Унгарија, Словачка, Романија, Бугарија и Грција. Викторија Михајловска даде свој придонес во дискусијата преку практични согледувања од спроведувањето на обуките во нашата земја.
 Горди сме што сме дел од европска иницијатива која создава реални можности за интеграција, образование и вработување на Ромите. Благодарност до сите партнери за успешната соработка и мотивацијата да продолжиме понатаму!
Likeme (0)