European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Агенцијата за вработување денес (26 февруари) објави јавни повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2024 година. Еден од нив е Поддршка за самовработување со доделување на грант за невработени со намена за отворање сопствен бизнис.

Како што е наведено во огласот, мерката опфаќа: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите и грант во износ од 369.000 денари по корисник.

Право на аплицирање имаат: невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до  60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство, невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години и невработени лица повратници (повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување)

Пријавите се поднесуваат во Центарите за вработување, каде невработените може да добијат и повеќе детали за огласите.

https://gostivarpress.mk/objaven-povik-za-nevraboteni-po-6-000-evra-grant-za-da-si-otvorat-biznis/?fbclid=IwAR2O_5AIoERUWMg-R6B4rSFZ9frTj976pPfZOo0D_SBGNyKql_Ux8GU7lJs

 

Likeme (0)