European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Blog

Нашето прво ЕРАСМУС+ искуство

Нашето искуство со првиот ЕРАСМУС+ КА1 проект и со реализираната мобилност за обука на кадар во Лимасол, Кипар.

Минатата година, ние, неколку жени од различни профили, потекло и со различни животни приказни, се здруживме со желба да дадеме свој придонес кон заедницата, да иницираме позитивни промени и да спроведеме акции со кои ќе помогнеме да се подобри квалитетот на животот на нашите сограѓани. Како резултат на тоа настана нашето здружение БУДЕЊЕ 2023 Скопје. Сложно решивме дека сакаме да ја остваруваме нашата мисија преку активности во полето на образованието на возрасни, претприемништвото, родовата еднаквост, етичкото однесување и човечки права и слободи. 

Но, како и при сите почетоци, прво треба да се организираат и постават работите за да може понатаму ефикасно да се функционира. На нас, здруженијата на граѓани, за да може да помагаме, ни е е неопходна помош и поддршка. 

Во процесот на градење капацитети сфативме дека е неопходно да изградиме човечки капацитети, кои ќе знаат како да ги преточат идеите на организацијата во проектни апликации и ќе бидат информирани за потенцијалните донатори до кои би можеле да се обратиме со молба за финансирање на нашите проекти.

Имавме среќа до нас да дојде информацијата дека ЕРАСМУС+ програмата на Европска Унија финансира проекти за мобилност со цел обука на кадар. Меѓутоа, како почетници, се судривме со предизвикот на пополнувањето на нашата прва проектна апликација. ЕРАСМУС+ програмата има повеќе акции, кои се делат на повеќе образовни области, и иако постои водич на англиски јазик во кој е се детално објаснето, потребно е време за почетниците да се вклопат. 

Но, ние имавме уште поголема среќа да го запознаеме и да соработуваме со љубезниот и максимално услужливиот персонал на нашата Национална агенција. Тие беа нашата поддршка низ целиот процес и без нивните совети, појаснувања и охрабрувања, ние немаше да го освариме нашиот сон да станеме дел од големото ЕРАСМУС+ семејство.

Кон ЕРАСМУС+ семејството се приклучивме со нашиот прв одобрен проект за мобилност на кадар преку кој учествувавме во обука за обезбедување на фондови од Европската Унија во Лимасол, Кипар. Учеството на оваа обука за нас беше многу значајно искуство. Покрај стекнатите знаења за поставување на нашите капацитети како новоформирана организација, остваривме значајни контакти и дружење со колеги од Полска, Естонија, Романија, Унгарија, Ирска и Словачка. Го почувствувавме европскиот дух, ги проширивме нашите хоризонти, се запознавме со различни култури и отворивме врати за нови партнерства.

Многу сме благодарни на Европската Унија и нашата Национална агенција што ни го овозможија ова искуство.

 

Likeme (0)
Themes addressed