Тридневната работилницата Go Green „Одиме кон зелено:

НУ-Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје заедно со Невладината организација за македонско-германско пријателство и соработка - Скопје, ја организираат тридневната работилницата Go Green „Одиме кон зелено: Библиотеки како двигатели за одржлив развој: згради, менаџмент, проекти и услуги“ со поддршка од Германска амбасада.Тридневната сертифицирана работилница се одржува од 5 до 7 ноември 2024 година во Центарот за конференции и студии при НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје, а е насочена кон ИФЛА/ЕНСУЛИБ, германско говорно зелено библиотечно вмрежување и улогата на библиотеките во постигнување на целите за одржливост од Агендата 2030 на Обединетите нации. Работен јазик на работилницата е англиски јазик.
На оваа конференција учество зедоа на 50 библиотекари од цела држава.
Предавач е Петра Хауке доктор по библиотекарство од Берлин, Германија