European Commission logo
Innskráning Búa til notendanafn
Hægt er að velja fleiri leitarorð með því að nota kommu á milli orða

EPALE - Electronic Platform for Adult Learning in Europe

Fréttir

Јавната установа Центар за образование на возрасните започна со низа обуки на обучувачи на возрасни

Една од мерките предвидени во проектотИмплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Северна Македонија“, кој го реализира Центарот за образование на возрасните, како национален координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните, е организација и спроведување на обука на обучувачи на возрасни.

Оваа мерка има за цел да ги зајакне капацитетите на наставниот кадар за теоретска и практична настава на институциите и установите - понудувачи на посебни програми за образование на возрасни, преку која учесниците ќе се стекнат со компетенции за планирање и изведување на наставата во согласност со андрагошките принципи.

Мерката се состои од реализација на 5 вакви обуки на ниво на држава – од кои 2 во Скопје и три регионални – во Штип, Тетово и Битола со кои ќе бидат опфатени вкупно 75 обучувачи кои реализираат образовна работа според верификувани програми. 

Во периодот 22.-23.11.2024, во Скопје беше спроведена првата од планираните пет обуки, на која активно учество зедоа 15 претставници на верификувани понудувачи. Обуката ја следеа со особен интерес и ја оценија како многу релевантна и корисна за нивната понатамошна работа.

Likeme (0)

Login or Sign up to join the conversation.