European Commission logo
Пријавите се Креирајте налог

Popular searches on EPALE

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за образовање одраслих у Европи

Вести

Синергија помеѓу ЕПАЛЕ и Еразмус+: одржана презентација

Во периодот 11-13ти септември 2024 година во Прага, Чешка се одржа состанок на Националните агенции кои ја спроведуваат Еразмус+ програмата. Низ структурирана агенда, преку 230 вработени во НА од сите европски земји, учеа и разменуваа искуства поврзани со спроведувањето на програмата, функционалноста на алатките, финалните извештаи и нивното оценување, менаџирањето со ризици, примарните проверки итн. Беа презентирани и новините кои се воведуваат во одредени земји, како на пример, употребата на вештачката интелегенција, истражувања поврзани со мобилностите, како и новостите од Европската комисија поврзани со идните планови за унапредување на Програмата. 

Во рамките на вториот работен ден беа одржани секторски работилници посветени на различните полиња во областа на образование и млади. Во рамките на сесијата посветена на образованието на возрасни, нашата ЕПАЛЕ коодринаторка, Љупка Ќуркчиева имаше своја презентација на тема: Синергијата на Еразмус+ и ЕПАЛЕ, како да се употребат ЕПАЛЕ функционалностите за привлекување на помалку искусни организации во Еразмус+. 

Им благодариме на колегите од Чешката Национална агенција за посветеноста во работата и на високиот квалитет во организацијата на настанот, а на сите други колеги на отвореноста и желбата за соработка.  

Likeme (1)
Themes addressed