Проект: "Акседер- Да не биде никој изоставен"- АДРР СОНЦЕ
АДРР СОНЦЕ во изминатиот период го имплементираше проектот "Акседер- Да не биде никој изоставен".
По завршување на истиот се одржа завршен настан за презентирање на резултатите и постигнувањата на проектот "Акседер- Да не биде никој изоставен" реализиран во Тетово и Гостивар .
Со проектот се постигнаа следните резултати:
Креирана програма за датотека на учесници и компании
Реализирани редовни теренски посети за идентификување на заинтересирани за програмата
Регистрирани околу 150 учесници во програмата
Направени интервјуа за проценка на нивото на вработливост на учесниците и подготвен индивидуален план за секој учесник
Контактирани (40) четириесет компании, реализирана соработка со (11) единаесет компании
Реализирани циклични обуки на следните теми:
- техники за барање на работа (подготовка на кратка биографија, интервју за работа, пребарување на работни места)
- дигитална писменост (отворање на е-маил адреса, креирање на е-маил порака, аплицирање преку мејл)
- Важноста да се работи, закон за работни односи, опис на работно место
- Права и обврски на вработен и работодавач
- Организација на работа и хиерархија во компанија
- Однесување на работно место и работни навики
-Oсум практиканти се стекнаа со практични знаења и искуства во рамки на компании
- (15) Петнаесет посетители на стручни обуки добија сертификати за следните работни профили: фризер, столар, негувател/ка на стари и немоќни лица, производител на леб, бурек и бели печива, шивач/ка и заварувач.
- (22) Дваесет и два учесници на програмата се самовработија или се вработија
На настанот се доделија сертификати за завршена стручна обука на 15 учесници на програмата за следните профили: фризер, столар, негувател/ка на стари и немоќни лица, производител на леб, бурек и бели печива, шивач/ка и заварувач.
АКСЕДЕР е автентична програма за вработување и интегрирање на пазарот на труд на Роми и други социјално ранливи групи. АКСЕДЕР се имплементираше во рамки на проектот “Креирање можности за работа за сите” имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка на Швајцарската агенција за соработка и развој.