European Commission logo
Prihlásenie Vytvorenie konta
Môžete vybrať viac slov a oddeľte ich čiarkou

EPALE - Elektronická platforma vzdelávania dospelých v Európe

16 okt
2024

Вебинар: Образованието за возрасни – начин за справување со сиромаштијата

Remote Event
streda, október 16, 2024 - 13:30 CEST to streda, október 16, 2024 - 15:30 CEST

Во рамките на ЕПАЛЕ академијата, ЕПАЛЕ Нaционалниот сервис за поддршка организира вебинар на тема: 

Образованието за возрасни – начин за справување со справување со сиромаштијата

Вебинарот се организира во рамките на големата ЕПАЛЕ Конференција за заедницата за 2024 година, како национален настан во Република Северна Македонија. 

Воедно, сакаме да го одбележиме Меѓународниот ден за борба против сиромаштија и да ја потенцираме улогата на доживотното учење  и конктинуираното инвестирање во нови вештини како една моќна алатка во процесот на личен и професионален напредок. 

Што знаете за сиромаштијата?

Образовните квалификации и нивоата на сиромаштија се тесно поврзани. Во 2022 година, речиси една третина (29,5%) од популацијата на ЕУ со ниско образовно ниво (ISCED нивоа 0-2) се сметаше за сиромашна. Спротивно на тоа, само 9,2% од луѓето со високо образование (ISCED нивоа 5-8) се соочиле со сиромаштија. Оние со средно образовно достигнување (ISCED нивоа 3-4) имале 18% стапка на сиромаштија. 

Разбирањето на статистичката корелација помеѓу образовните достигнувања и сиромаштијата ја осветлува критичната улога на учењето и образованието на возрасните. Сепак, под овие бројки се кријат бројни бариери кои ги попречуваат поединците да ги унапредат своите вештини и да ги подобрат животните околности. 

Целта на овој настан е да покажеме конкретни примери и успешни приказни во справувањето со овој феномен. 

Приклучете се на вебинарот и слушнете неколку интересни презентации од нашите експерти и практичари. Ве очекуваме!

Време: 16.10.2024 година (13:30-15:00 часот)

Место: MS Teams (доколку немате апликација, ве молиме поврзете се преку интернет пребарувачот кој го користите)

Линк за вклучување: 

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_YWFkMTc2MmItOTYwOS00ZTdhLWEzNGYtODRmNTZmODI4NWUz%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%22180c86f9-b1e1-4884-8b5a-61c60c42346a%22%2c%22Oid%22%3a%225ce2070f-d4e7-4f22-a653-4e0522d772e5%22%7d

Кратка агенда

 

Што е и зошто ЕПАЛЕ?

Љупка Ќурчиева, 

ЕПАЛЕ Координатор

Сиромаштијата е системска грешка, не индивидуална

Билјана Дуковска, претседателка на Македонска платформа против сиромаштијата

Активација на ранливи групи на пазарот на трудот - искуства и препораки

Наташа Здравковска, 

Проектен координатор на проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од ЕУ, спроведуван од Агенцијата за вработување на РСМ

Образование и сиромаштија

М-р Фатма Бајрам Аземовска

НУУБ Св. Климент Охрхидски- Битола

Здружение за разбој на ромската заедница Сумнал

Проект:

Зајакнување на младите преку нови можности психосоцијална поддршка на млади од ранливи категории и вработливост-обуки, практикантство, ориентацијана работа

Лина Рогач

психолог 

Рециклираме текстил

Кире Јованов

Социјално претпријатие „Заедно“ 

Дискусија со присутните

 

 

 

Event Details
Stav
As planned
Typ
Webinar
Typ organizátora
Podujatie NSS
Hybrid event
Nie
Poplatok za účasť
Nie
Značky

Aby ste mohli pridať komentár, prihláste sa alebo zaregistrujte.