Промовиран Порталот за отворено владино партнерство
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е надлежно министерство за координација на иницијативата за отворено владино партнерство (ОВП) и континуирано се стреми кон подобрување на опкружувањето за соодветна имплементација на ова партнерство кое ја поттикнува: Транспарентноста која овозможува јавноста да го разбере работењето на Владата, потоа Учеството, односно јавноста да може да влијае врз работата на Владата преку вклучување во процесите на креирање на јавните политики и испораката на јавните услуги, како и Отчетноста каде јавноста може да бара од Владата одговорност за нејзините политики и перформансите на испорачаните услуги“.
Веб порталот за Отворено владино партнерство (ОВП) преставува централна точка за консултација, мониторинг, вклучување, вмрежување и известување на сите засегнати и заинтересирани страни во процесот. Порталот за ОВП има за цел да послужи како платформа за интеракција и размена на информации во четири сегменти: консултации за подготовка на Националниот Акциски План (НАП), следење на спроведувањето на НАП, како и за следење на работата на Советот за ОВП и на Мрежата на граѓански организации за ОВП“.
Повеќе информации за веб порталот можете да најдете тука.