chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

En digital mötesplats för vuxenutbildare i Europa

 
 

Kalender

Oбука за лидерски вештини и техники за претставници на граѓански организации

Publicerad LJUPKA KJURKCHIEVA 1 månad 2 veckor sedan

måndag 16 december 2019 till tisdag 17 december 2019
Велес
,

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската Унија објавува Повик за учество на обука за лидерски вештини и техники за претставници на граѓански организации.

Обуката за  лидерски вештини и техники има за цел да ги зајакне капацитетите на денешните но и идните лидери на граѓанското општество во земјата фокусирајќи се на следните елементи:

  • Концептот на лидерство во теорија и пракса;
  • Одговорно лидерство во граѓанските организации (интегритет, транспарентност, отчетност итн.);
  • Развој на лидерски вештини и техники важни за доловувањето на граѓанските организации внатре во организацијата и во надворешното опкружување.

Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби. Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување). Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски. За оваа обука ќе се селектираат 20 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се одржи од 16 до 17 декември 2019 година во Велес.

Пријава за обуката и рок за пријавување

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата и пополнета да ја достават на следната е-маил адреса: fiv@mcms.mk најдоцна до 9 декември (понеделник) 2019 година. Пријава за дводневна обука Преземи пријава

Дополнителни информации

Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 6 декември 2019 година.

Förstaspråk:
Typ av händelse: 
Evenemang om yrkesutveckling
Deltagaravgift: 
Nej
Tidsfrist för registrering: 
09/12/2019
Evenemang online: 
Nej
Organiserat av: 
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
Organisatörstyp: 
Annat evenemang
Kontaktuppgifter: 
fiv@mcms.mk
Målgrupp: 
Nätverk och organisationer inom vuxnas lärande
Projekt och partnerskap
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn