chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

En digital mötesplats för vuxenutbildare i Europa

 
 

Kalender

Обука за генерирање на фондови

Publicerad LJUPKA KJURKCHIEVA 2 månader 2 veckor sedan

onsdag 20 november 2019 till torsdag 21 november 2019
Skopje
,

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на Обука за генерирање на фондови, 20-21 ноември 2019, Скопје.

На обуката за генерирање фондови откријте како вашата организација може да расте и да стане финансиски одржлива преку стратешко планирање на ресурсите и зголемена разноликост на донаторите. Учесниците ќе стекнат вештини и знаења за концептите на одржливост и генерирање на ресурси, за идентификација на извори на фондови и обезбедување ресурси за организацијата од различни извори, за стратешки пристап кон обезбедувањето ресурси, како и за одржување на успешни релации со донаторите. Преку практични вежби, учесниците ќе учат за мапирање на изворите на финансирање, одредување индикатори на успех, подготвување на акциски план за финансиска одржливост итн.

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на info@rcgo.mk најдоцна до 16:00 часот на 15.11.2019. Превземи prijava-za-obuka-za-generiranje-fondovi

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Förstaspråk:
Typ av händelse: 
Evenemang om yrkesutveckling
Deltagaravgift: 
Nej
Tidsfrist för registrering: 
15/11/2019
Evenemang online: 
Nej
Organiserat av: 
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар
Organisatörstyp: 
Annat evenemang
Kontaktuppgifter: 
ул. Кирил и Методиј, бр. 50, реон 7 1000 Скопје Телефон: +389 2 3237 784 e-Пошта: info@rcgo.mk
Målgrupp: 
Nätverk och organisationer inom vuxnas lärande
Projekt och partnerskap
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn