Kalender
"Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија"
Publicerad Fatma Bajram Azemovska 2 månader 3 veckor sedan
- Nordmakedonien

Во рамките на проектот "Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија" e објавен повик за доделување на грантови на граѓански организации и медиуми за проекти за поддршка на процесот на пристапување кон ЕУ.
Основна цел на повикот е да ги поттикне активната вклученост и ангажман на граѓанскиот сектор и медиумите во организирање на активности кои се од поширок граѓански интерес и кои го поддржуваат процесот на пристапување кон ЕУ.
За презентирање на повикот, споделување на дополнителни информации и појаснување на одредени прашања за повикот ќе се организира информативна сесија и во Битола, вторник 24 септември во хотел Епинал во 12 часот .
Доколку сте заинтересирани за присуство на инфо сесијата потврдете го вашето присуство на info@nordiskapoddrska.org.mk.
- Makedoniska
Har du en kommentar? Logga in eller registrera dig