chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

En digital mötesplats för vuxenutbildare i Europa

 
 

Kalender

„Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“

Publicerad Fatma Bajram Azemovska 2 veckor 3 dagar sedan

torsdag 21 november 2019
Skopje
,

Енергетската индустрија, отпадот, сообраќајот и градежништвото најмногу придонесуваат во емисиите на стакленички гасови во Македонија, додека шумите и урбаното зеленило кои се главни апсорбирачи на гасовите, се карактеризираат со низок квалитет и мал годишен прираст. Според климатските сценарија, средната годишна температура во земјава ќе се зголеми за 1.9°C до 2050 и врнежите ќе се намалат за речиси 23 отсто до 2100 година. Достапноста на населението до вода ќе биде ограничена, а сувите периоди и ненадејните поплави ќе бидат почести и повеќе изразени. Негативните ефекти на климатските промени ќе ги намалат приносите кај најголем дел од земјоделските култури и ќе ги зголемат ризиците врз здравјето на луѓето. Опасностите што ги носат климатските промени ќе предизвикаат проблеми во земјоделството, здравството, туризмот, биолошката разновидност..., иако штетните влијанија можат да се намалат со мерки кои дури создаваат нови зелени работни места. Сепак, сериозноста на последиците ќе зависи од способноста на државата да се подготви и да се справи со климатските промени.

Ве покануваме на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“, што ќе се одржи на 21 ноември (четврток) 2019, со почеток од 10 часот, во хотел „Холидеј ин“ (сала Милениум 1).

На конференцијата поздравно обраќање ќе има Претседателот Стево Пендаровски, кој ја поддржа кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Професори и експерти од Македонија и регионот ќе дискутираат за постоечките ризици и за решенијата за адаптација и ублажување на климатските промени.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

На настанот е обезбеден превод на македонски, албански и англиски јазик.

Контакт лице:  Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - dandonov@iks.edu.mk, 071 317 661

АГЕНДА

09:30:10:00 Регистрација

10:00-10:05  Отворање на конференцијата
Жанета Трајкоска, Институт за комуникациски студии

10:05-10:20 Поздравни обраќања
г-н Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија
НЕ г-ѓа Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Република Северна Македонија

Прв панел: Како да ги ублажуваме климатските промени

Модератор: д-р  Александар Дединец, научен соработник во МАНУ

10:20-10:30 Националните придонеси кон Договорот од Париз и конкретните планови во Република Северна Македонија
г-ѓа Ана Петровска, државен секретар, Министерство за животна средина и просторно планирање

10:30-10:40 Декарбонизација преку енергетска транзиција

проф. д-р Невен Дуиќ, Универзитет во Загреб - Катедра за енергетика, електротехника и животна средина

10:40-11:50 Климатска акција за нови зелени работни места и јакнење на економијата

г-ѓа Ладеја Кошир Година, претседателка на Европската платформа на засегнати страни на кружна економија (European Circular Economy Stakeholder Platform)

10:50-11:00 Извори за финансирање на намалувањето на јаглеродните емисии

проф. д-р Никола Поповски, универзитетски професор

11:00-11:45 Дискусија

11:45-12:00 Кафе пауза

Втор панел: Како да се адаптираме кон климатските промени

Модератор: проф д-р  Кирил Сотировски, декан на Шумарскиот факултет - Скопје

12:00-12:10 Ризиците за здравствениот систем од климатските промени

проф. д-р Драган Ѓорѓев, Институт за јавно здравје

12:10-12:20 Урбаните отворени простори и пејзажната архитектура низ призмата на климатските промени

проф. д-р Стефанка Хаџи Пецова, универзитетски професор

12:20-12:30 Одржливо земјоделство за адаптирање кон климатските промени

проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан нз Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ

12:30-12:40 Јакнење на климатската отпорност со правилно управување на шумите

проф. д-р Љупчо Несторовски, Шумарски факултет при УКИМ

12:40-12:50 Климатските промени, природните непогоди и туризмот

проф. д-р Ивица Милески, Институт за географија при Природно-математичкиот факулет во Скопје

12:50-13:30 Дискусија

13:30-14:30 Коктел

Förstaspråk:
Deltagaravgift: 
Nej
Evenemang online: 
Nej
Organiserat av: 
Институтот за комуникациски студии
Organisatörstyp: 
Annat evenemang
Kontaktuppgifter: 
Контакт лице:  Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - dandonov@iks.edu.mk, 071 317 661
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn