Calendário
Како ја избрав мојата професија?
Publicado por Nevenka Longurova Girova 2 semanas 20 horas Há
- Macedónia do Norte
Центарот за туризам, тренинг и истражување ве кани на настан за кариерно насочување што ќе се одржи на 25.11.2019 година во 18:20 часот во Граѓанскиот Ресурсен Центар (веднаш спроти НЛБ дирекцијата). Настанот е осмислен како дискусија со двајца несекојдневни млади лица, надополнет со презентација на можностите што ги нуди Еразмус + програмата.
Реалната состојба во младинскиот сектор во Македонија говори дека младите имаат потешкотија да ја визуелизираат својата иднина, честопати се растргнати меѓу конзервативното високо образование и потребите на пазарот на трудот и немаат јасна претстава за професиите што ги носи „новото“ време.
Преку дискусија со претприемач кој се вратил во Македонија за тука да основа своја фирма и млад човек кој решил да се преквалификува и за три години стигнал од ниво јуниор на сениор девелопер позиција, ќе ги разгледаме сите аспекти на модерното работно место: бирократски процедури за отворање и водење своја фирма; што се бизнис ангели и дали навистина постојат; митови и вистини за работење од дома (во пижами); како и отворените работни простории и хабовите.
„Како ја избрав мојата професија?“ е прв од серијата настани за мотивирање на млади што се надеваме ќе прерасне во платформа за врсничко учење и надградување.
Quer comentar? Abra sessão ou registe-se