chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

Pjattaforma Elettronika għat-Tagħlim għall-Adulti fl-Ewropa

 
 

Kalendarju

Стручна обука за професионалци од областа на менталното здравје

Mibgħuta minn LJUPKA KJURKCHIEVA 1 xahar 4 ġimgħat ilu

Is-Sibt 23 novembru 2019
Skopje
,

Како резултат на мојата соработка со здружението за лица со ретки болести “Живот со предизвици’’, произлезе потребата и желбата да го пренесам своето професионално искуство и стручно знаење низ целодневна обука на колегите психолози и психотерапевти од целата државата.
На тој начин целиме кон проширување на мрежата на психолози/психотерапевти и професионалци од областа на менталното здравје низ целата земја, кои ќе имаат стручна подготовка за предизвикот во работата со оваа категорија на клиенти кои поради хроничните медицински болести со кои се соочуваат, афектирана им е и психолошката состојба и ментално здравје и потребна им е нашата стручна поддршка и помош.

Обуката ќе се одржи во Хотел Солун на дата 23.11.2019. сабота, со почеток од 10:00ч до 16ч во Скопје. Учесниците ќе имаат обезбеден ручек, и кафе пауза. За завршување на обуката ќе бидат доделени сертификати.
За психолозите пријавени од другите градови ќе бидат обезбедени средства за превоз, во зависност од градот, и во висина на автобуска карта, или средства за гориво доколку се минимум 3 учесника во едно возило. Средствата ќе ги покрие здружението „Живот со предизвици’’.
Обуката е бесплатна за учесниците, ќе биде одржана со максимум 30 учесници, и со задолжително пријавување на учеството.
Детална агенда за работилницата ќе биде испратена до сите потврдени учесници.
Учесниците може да го пријавуваат своето присуство на hadzivanova@gmail.com и zivotsopredizvici@gmail.com, а за дополнително инфо на 075 273 768.

М-р Ивана Хаџиванова
Психолог, Гешталт Психотерапевт и Тренер
НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Ħlas mitlub għall-attendenza: 
Le
Avveniment online: 
Le
Organizzat minn: 
НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација
It-tip ta' organizzatur: 
Avveniment ieħor
Dettalji ta' kuntatt: 
Solun Hotel & Spa Nikola Vapcarov no. 10, 1000 Skopje
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn