chevron-down chevron-left chevron-right chevron-up home circle comment double-caret-left double-caret-right like like2 twitter epale-arrow-up text-bubble cloud stop caret-down caret-up caret-left caret-right file-text

EPALE

Pjattaforma Elettronika għat-Tagħlim għall-Adulti fl-Ewropa

 
 

Kalendarju

Информативна сесијa- Јавен повик до мрежи на граѓански организации за доделување грантови

Mibgħuta minn LJUPKA KJURKCHIEVA 2 xhur 3 ġimgħat ilu

L-Erbgħa 6 novembru 2019
Skopje
,

Балканска мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување грантови за мрежи на граѓански организации. Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на мрежите на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. Во своето работење мрежите на граѓанските организации се соочуваат со сè поголем притисок од страна на донаторите, членките и јавноста да покажат транспарентност и отчетност. Преку воведувањето на кодекси, внатрешни системи и процедури за добро управување, мрежите ќе обезбедат гаранција за своето работење кон своите донатори и крајни корисници. Дополнително, воспоставените внатрешни системи за добро управување ќе придонесат мрежите да бидат поефикасни и успешни во реализацијата на своите проекти и активности, како и да стекнат доверба кај пошироката јавност.

Рокот за поднесување на апликацијата е 29 ноември 2019 г. најдоцна до 16 часот. Дополнително ќе биде организирана една информативна сесија на 6 ноември (среда) 2019 г. од 11 до 13 часот во просториите на МЦМС (ул. Никола Парапунов 41А, 1000 Скопје). Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за информативната сесија најдоцна до 5 ноември (вторник) 2019 г. на executiveoffice@balkancsd.net.

Повеќе инфо: http://www.mcms.mk/mk/vesti-i-javnost/vesti/2168-javen-povik-do-mrezhi-na-gragjanski-organizacii-za-dodeluvanje-grantovi.html

Lingwa primarja:
Tip ta' avveniment: 
Konferenza
Ħlas mitlub għall-attendenza: 
Le
Avveniment online: 
Le
Organizzat minn: 
МЦМС www.mcms.org.mk
It-tip ta' organizzatur: 
Avveniment ieħor
Dettalji ta' kuntatt: 
ул. Никола Парапунов 41А, 1000 Скопје
Tags:
Share on Facebook Share on Twitter Epale SoundCloud Share on LinkedIn