Како функционира регистрирањето?
Заинтересираните наставници, обучувачи и експерти можат да се најават со регистрирање на нивното име во Еразмус+ регистерот.
Организациите во образованието и обуката можат да пребаруваат низ листата на регистрирани индивидуалци и да најдат контакт од лицето кое го бараат.
Каков вид поддршка е обезбедено во ЕПАЛЕ?
Еразмус+ може да обезбеди грант преку организациите за образование и обука кои во моментот спроведуваат Еразмус+ проект.
Средствата можат да бидат обезбедени од:
- организацијата испраќач (во форма на грант за „поканети експерти„).
Во однос на географската покриеност, активностите поддржани од Еразмус+ програмата мора да се случат во земјите членки на Европската Унија и третите земји целосно поврзани со програмата: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција.
Важно: имајте во предвид дека оваа регистрација не е апликација за Еразмус+ грант. Целта на регистрирањето е само да го олесни првиот контакт помеѓу организациите и заинтересираните индивидуалци. Доколку се договори соработка, Еразмус+ грант може да се обезбеди од организацијата испраќач или примач во рамките на стандардните правила на Еразмус+ програмата. Европската комисија не е во можност да обезбеди директен грант на одредена активност.
За повеќе информации за Еразмус+ програмата и применливите правила, ве молиме контактирајте ја Националната агенција во вашата земја. Листата на националните агенции и нивните контакти можете да ги најдете овде.