Resource Details
Ресурси

ВОДИЧ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПОТРОШУВАЧИ И ИНСТИТУЦИИTE ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

КОИ СЕ И ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ?

Земајќи ги предвид интересите на потрошувачите, Европската заедница ја усвои првата програма за заштита на потрошувачите во 1975 година, преку која се идентификуваа петте основни потрошувачки права, а тоа се:

• Правото на заштита на здравјето и безбедноста;

• Правото на заштита на економските интереси на потрошувачите;

• Правото на надомест на штета;

• Правото на информирање и едукација;

• Правото да бидат претставени интересите на потрошувачите.

Оттогаш до денес, овие потрошувачки права ја воспоставуваат правната и институционалната рамка, како и политиката за заштита на потрошувачите во Европската унија (ЕУ), што подразбира постојано унапредување на законодавството за заштита на потрошувачите, воспоставување и унапредување на мерките и инструментите за спроведување на политиката на ниво на ЕУ, како и размена на искуства помеѓу надлежните институции, нивната меѓусебна соработка и комуникацијата со организациите на потрошувачи.

Resource Details
Вид ресурс
Студии и извештаи
Login (0)

Want to add a resource ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new resource!