European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Ресурси

Мониторинг на приментата на законот за дополнителни текови на оптпад

TreeImage.
NEVENKA LONGUROVA GIROVA
Community Contributor (Bronze Member).

Со Законот за управување со дополнителни текови на отпад се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила, што треба да се исполнат при производството на текстил, гуми, масла и возила и собирање, повторна употреба, третман, преработка и отстранување на отпадот кој се создава од нив во тек на нивниот животен век, како и другите прашања поврзани со постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила од страна на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во постапките на производство и постапувањето со истите. Овој закон започна да се применува од 1 јануари 2023 година.

Според член 1, став 1 основни цели на законот се да се намали негативното влијание од текстилот, гумите, маслата и возилата и отпадот од текстил, гуми, масла и возила, врз животната средина и врз здравјето на луѓето и да се унапредат стандардите за заштита на животната средина од страна на економските оператори во текот на целиот животен циклус на производите, а особено при собирање, третман, повторната употреба, преработката и отстранувањето на отпадот од текстил, гуми, масла и возила. 

Покрај основните цели, со овој закон, треба да се постигнат и посебни цели: спречување на создавање на отпад од текстил, гуми, масла и возила, намалување на количеството на отпад од текстил, гуми, масла и возила, намалување и ограничување на употребата на опасни супстанции во текстилот, гумите, маслата и возилата, високо ниво на повторна употреба, рециклирање и други видови на преработка на отпадот од текстилот, гумите, маслата и возилата како и намалување на отстранувањето на отпад од текстил, гуми, масла и возила, поволни услови за воспоставуање и развој на пазарот за повторна употреба, рециклирање и други начини на преработка на текстил, гуми, масла и возила, еднаква положба и конкурентност на пазарот на сите субјекти и избегнување и отстранување на трговските бариери кои можат да го нарушат пазарот со текстил, гуми, масла и возила, користење на најдобри достапни техники за третман, преработка и рециклирање и подобрување на мерките за заштита на животната средина, кои треба да ги исполнат економските оператори кои се вклучени во животниот циклус на текстилот, маслата, гумите и возилата, а посебно на операторите вклучени во системот за собирањето и третманот на отпадниот текстил, масла, гуми и возила.

Resource Details
Автор на ресурс
Тодор Арсовски, Борис Шарковски, Невенка Лонгурова Гирова
Вид ресурс
Студии и извештаи
Земја
Северна Македонија
Датум на објавување
Login (0)
Themes addressed