Skip to main content
Blog
Blog

ЕПАЛЕ 2021 Тематски фокуси

Научивме многу од Ковид-19 кризата. Бевме приморани наново да ги измислиме нашите стари начини. Сфативме дека има многу интересни нешта кои чекаат на нас да ги искусиме, но исто така и дека одредени нееднаквости станаа понагласени како резултат на кризата. Имајќи го ова на ум, имаме намера да се фокусираме на три главни теми. Ќе се фокусираме на нив во текот на целата година, ќе мониторираме како нештата ќе се одвиваат во неколкуте наредни месеци и ќе го истражиме поедично секој од нив. Ве покануваме да придонесете, споделите ваши мислења, искуства, проекти и идеи! Ова се Тематските фокуси за 2021 во детали. 

 

EPALE 2021 Thematic Focuses

 

Добредојдовте во Тематските фокуси во ЕПАЛE за 2021!

Се чини дека наредната година ќе биде многу интересна во образованието за возрасни. Научивме многу од Ковид-19 кризата. Бевме приморани наново да ги измислиме нашите стари начини. Сфативме дека има многу интересни нешта кои чекаат на нас да ги искусиме, но исто така и дека одредени нееднаквости станаа понагласени како резултат на кризата. Имајќи го ова на ум, имаме намера да се фокусираме на три главни теми. Ќе се фокусираме на нив во текот на целата година, ќе мониторираме како нештата ќе се одвиваат во неколкуте наредни месеци и ќе го истражиме поедично секој од нив.

Ве покануваме да придонесете, споделите ваши мислења, искуства, проекти и идеи!

Па, да започнеме! Ова се Тематските фокуси за 2021 во детали. 

Life and work skills for empowering adults to learn and participate

Животни и работни вештини за зајакнување на возрасните за учење и учество 

Европската Агенда за одржлива конкуренција, социјална правда и издржливост поставува амбициозни цели за унапредување и зајакнување на вештините постигнати во изминатите 5 години. Во рамките на оваа рамка, ЕПАЛЕ исто така е вклучена во зајакнување на заедницата за образование на возрасните за да го поттикне доживотното учење и квалитетот на образованието за возрасни. 

Во овој контекст, Фокусот на животните вештини за зајакнување на возрасните да учат и учествуваат ќе адресира теми за унапредување и зајакнување на вештините за работа и живот, релевантноста на основните вештини и итноста на здравствената и медиумската писменост особено во однос на доказите кои произлегуваат од пандемијата. 

Дополнително, прашуваме како можеме да ги зајакнеме основните и напредните дигитални вештини и компетенции за дигитална и демографска трансформација. 

Кажете!

Напишете Блог пост, или објавете вест! Предложете Настан или споделете Ресурс!

 


 

Digital Transition and the opportunities of blended learning

 

Дигитална транзиција и комбинирано учење

КОВИД-19 кризата имаше исклучителен ефект врз образованието за возрасни и направи многумина во областа да се запрашаат што следува потоа. Сега е јасно дека образованието и учењето ќе останат испреплетени, комбинирајќи ги он-лајн и лице-во-лице димензиите.

Реорганизирањето на образованието и обуката за дигиталната ера е клучна цел која треба да се постигне кога се фокусираме на Образованието за возрасни и како тоа да биде реформирано во однос на Дигиталната транзиција. Сакаме да слушнеме од вас! Како може дигиталната поделба да се надмине? Како можеме да се осигуриме дека руралните области се вклучени во процесот? Како можеме да извлечеме најмногу од комбинираното учење? Како можеме да ги одржиме учениците мотивирани преку дигиталните средства? Како можеме да спроведуваме инклузивно дигитално образование и комбиниран екосистем? 

Овие фактори, заедно со зголемувањето на вештчката интелегенција во образованието, ги потенцираат етичките прашања кои традиционално се поврзани со образованието лице-во-лице. Па, како можеме да се справиме со овие аспекти? Какво можности ќе произлезат?  

Напишете Блог пост, или објавете вест! Предложете Настан или споделете Ресурс!

 

 


 

Inclusive Social Change for Sustainability and Fairness

           

Инклузивна социјална промена за оддржнивост и правичност

Базирана на визијата на Комисијата за силна социјална Европа за правични транзиции, Eвропската Агенда за вештини  поставува сеопфатна стратегија за зајакнување на оддржлива конкурентност  (како што е наведено во European Green Deal), која осигурува социјална правда, и градење отпорност за реакции на кризи. Базирана на научените лекции од КОВИД-19 пандемијата, овој сеопфатен пристап е насока за адресирање на темите од Социјална инклузија на ранливи групи, диверзитет и активно стареење. 

Поконкретно, сакаме да им пристапиме на овие широки теми од два специфични агли:

Оддржливост:Образованието за возрасните игра клучна улога и промовира социјална димензија на оддржливиот развој преку овозможување на позитивни услови за зајакнувње на активните граѓани. Еколожката транзиција ќе помогне да се модернизира и да се креираат високо-квалитетни работни места и повеќе можности за вработување, и образованието за возрасните треба да биде спремно да придонесе со обуки за унапредување и зајакнување. 

Како може полето на образование на возрасните да придонесе повеќе кон оддржливи напори? Дали сте вклучени во проекти или спроведувате активности кои можат да бидат студија на случај? Дали ги поддржувате оддржливоста и обуките во секојдневниот живот? Инспирирајте не со вашите идеи!

Правичност:Сите имаат право на инклузивно образование, обука и доживотно учење со цел да бидат во состојба целосно да учествуваат и успешно на управуваат со транзиција кон пазарот на трудот.  Па, како можеме да го гарантираме правото на образование за возрасни со попреченост и социјално исклучените? Како можат социјалните нееднаквости да бидат испеглани?  

Споделете ја вашата перспектива и потенцирајте неколку најважни прашања!

Напишете Блог пост, или објавете вест! Предложете Настан или споделете Ресурс!

 

При фокусирањето на овие теми, ги покануваме сите да следат генерален пристап базиран од песпективата на Демократија и пристап, кои ќе ја обележат нашата работа во наредната година.  

Затоа, ве покануваме да го збогатите она што се нарекува интензивна година со вашите придонеси и експертиза!

Можете веќе да започнете доколку земете учество во наредната  он-лајн дискусија  закажана за вторник, 9-ти март 2021 од 10:00 до 16:00 ЦЕВ

Пишаната дискусија ќе биде најавена со лајв-стрим со претставување на Тематските фокуси за 2021, и ќе биде водена од Гина Ебнер и Александра Козира од ЕАЕА во името на ЕПАЛЕ Уредувачкиот одбор. Пишаната дискусија ќе биде модерирана од Клаудија ДѝЕрамо и Сара Салери од ЕПАЛЕ Централниот Сервис за поддршка. 

Непропуштајте ја можноста да кажете што би сакале да се адресира во текот на годината!

Напишете Блог пост, или објавете вест! Предложете Настан или споделете Ресурс!

Login (46)

Сакаш друг јазик?

Овој документ исто така е достапен и на други јазици. Ве молиме изберете еден од наведените подолу.

Want to write a blog post ?

Don't hesitate to do so! Click the link below and start posting a new article!