Novi EPALE veb sajt dostupan od aprila 2021.
Максимално искористете ги можностите на ЕПАЛЕ преку најавување на вашиот профил. Ова ќе ви даде можност да ја оцените и коментирате содржината и ќе ви даде пристап до нашиот целосен спектар на содржини.

 

Драги ЕПАЛЕ колеги,

како што можеби веќе знаете, посветени бевме на изработката на комплетно нова ЕПАЛЕ платформа со цел истата да ја направиме полесна за употреба и да ја збогатиме нејзината содржина. 

Резултатите од нашата работа ќе можете да ги видите кон средината на месец април 2021 година кога и официјално ќе биде пуштена во употреба новата веб-страница.

Помеѓу новите карактеристики на ЕПАЛЕ спаѓаат: подновен изглед и навигација, повеќе едукативни ресурси и нов МојЕПАЛЕ дел. Дополнително, ќе биде пуштена во употреба и ЕПАЛЕ Иницијативата за приказни за заедницата... Бидете во тек!

 

Последни содржини во ЕПАЛЕ

Европски столб на социјални права: да ги претвориме начелата во дела (EN, LV, ES, ET, CS, IT, PT, DE, SV, EL, HU)

На 4 март 2021 година, Комисијата ја истакна својата амбиција за силна Социјална Европа која ќе се насочи кон работните места и вештините кои ќе бидат потребни во иднина и која ќе го поплочи патот кон еден правичен, инклузивен и флексибилен социо-економски опоравок.

Нова иницијатива за дигитално образование во Германија поддржана од канцеларката Меркел (EN, DE, HU)

Питер Брант зборува за новата ,,Дигитална образовна иницијатива" претставена од германската федерална влада. 

Можеби, ама само можеби, пандемијата го започна Музејското образование (EN, PT, ET, LV, LT, SV, DE, HU)

Хенрик Зипсане дава осврт на Извештаите за националните музеи 2020 на Европската музејска академија.

ЕПАЛЕ интервју: Инге Шурманс (директор на Центарот за основно образование во Антверпен) (EN, NL, PT, ET, HU)

"Како и многумина од нас, моравме да бараме алтернативи за да им помогнеме на нашите ученици да продолжат да учат"

Отворен е повикот за аплицирање за наградата Грундвиг на Европската асоцијација за образование на возрасни (ЕАЕА)! (EN, PT, ET, BG, LV, DE, PL, ES, TR, EL, FI, HU)

Грундвиг наградата на Европската асоцијација за образование на возрасни (ЕАЕА) ги истакнува резултатите од проектите кои креираат нови идеи, партнерства и методологии во полето на образованието за возрасни. Овогодинешната тема носи наслов: Дигитализација и демократија.

Животно образование: Одржливи животни вештини за ранливи целни групи (EN, SL, CS, ES, BG, PT, TR, ET, SV, HU)

Прашањето на одржливост не е доволно застапено во полето на образованието за возрасни, особено земајќи ја предвид неговата важност за луѓето, животната средина и економијата.

ЗЕЛЕН ДОКУМЕНТ ЗА СТАРЕЕЊЕТО - Поттикнување на солидарност и одговорност помеѓу генерациите (EN, CS, BG, ES, PT, ET, EL, HU)

Европската комисија претстави зелен документ со цел отпочнување поширока дебата за политиките кои се однесуваат на предизвиците и можностите на европското општество кое старее.

“Престанокот на физичката соработка директно задира во образованието за возрасни” (EN, PL, PT, ET, EL, HU)

Студија од Делфи ги анализира моменталните и очекуваните ефекти на Ковид-19 пандемијата врз образованието за возрасни и учењето на возрасните. 

 

Максимално искористете ги можностите на ЕПАЛЕ преку најавување на вашиот профил. Ова ќе ви даде можност да ја оцените и коментирате содржината и ќе ви даде пристап до нашиот целосен спектар на содржини.