Психолошко советувалиште – Бесплатна психолошка поддршка на семејства со деца/ член со попреченост
Семејствата на дете/член со попреченост се соочуваат со бројни предизвици - финансиски, пред сè, а потоа и реакциите на околината, лични прашања за начинот на воспитување на детето со попреченост, исцрпеност на членовите на семејството и често занемарување на сопствените потреби. Иако овие семејства се борци кои даваат натчовечки напори да се изборат со сето ова, неминовен е фактот дека и нив им е потребна поддршка за полесно справување со секојдневието.
За таа цел @psiholoskokatcevirtualm и @virtualmkumanovo овозможуваат БЕСПЛАТНА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА на овие семејства/родители од страна на психолог, семеен-системски советник, секој понеделник од 14-18ч.
070 216 175