News
Новости

Првата 2021 ЕУ награда за интеграција на Ромите во рацете на Фатма Б. Аземовска

Вчера во Брисел беа доделени ЕУ наградите за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција - „Исклучителни луѓе промовираат рамноправност преку вработување“ за 2021 година.

Лансирана во 2014, ЕУ наградата за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција има за цел га ја нагласи важниоста на интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ и да ја покаже определбата и посветеноста на ЕУ за подобрување на социјалната инклузија на Ромите. Со наградата, ЕУ ги препознава напорите за зајакнување на Ромите за да го достигнат својот целосен потенцијал како целосни членови на општествата во кои живеат и каде што работат. Наградата ќе овозможи финансирање на идни проекти и можности во корист на Ромите.aw1

Од Република Северна Македонија првата награда оди во рацете на Фатма Бајрам Аземовска од Здружението за развој на Ромската заедница, додека втората е доделена на Ромската Асоцијација Черења од Штип. На добитниците им честитаме и им посакуваме ова да биде мотив за поголеми залагања и посветеност во нивната мисија.

Login (0)

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!