European Commission logo
Логирај се Креирајте профил
Можете да изберете повеќе зборови со разделна запирка

ЕПАЛЕ - Електронска платформа за учење на возрасните во Европа

Новости

Прирачник за управување со волонтери во граѓански организации

TreeImage.
Elena Siljanoski
Community Hero (Gold Member).

Основната цел на Прирачникот за управување со волонтери во граѓанските организации е да им помогне и да им ја олесни работата со волонтерите на граѓанските организации. Предизвикот со кои се соочени граѓанските организации кои вклучуваат волонтери во своето работење е како на систематски и организиран начин да управуваат со волонтерите за тие да може да го дадат својот максимален придонес во нивната работа и во развојот на нивните локални заедници.

Прирачникот опфаќа неколку главни делови – основните вредности и принципи на волонтерството како и преглед на законската рамка во државата се разработени во првиот дел. Вториот дел опфаќа анализа на видовите на волонтерска работа како и на вредностите, принципите и стандардите за квалитет за работа со волонтери во организацијата.

 Во третиот дел е даден сеопфатен преглед на циклусот за ефективен волонтерски менаџмент во организациите. Детално и практично се објаснуваат сите чекори на управувањето со волонтерите од испитување на потребите во заедницата и креирање на волонтерската програма, регрутацијата и селекцијата на волонтерите, системот за поддршка на волонтерите за време на нивното волонтирање (ориентација, обука, супервизија, мотивација за продолжување со волонтирање и признавање и препознавање на волонтерската работа) и евалуација на програмата за волонтирање. На крајот, во Прирачникот како прилози се наведени прилози – практични примери за формулари потребни за административно управување со волонтерите кои граѓанските организации може слободно да ги користат.

Прирачникот за управување со волонтери во граѓанските организации е изработен во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ – Тетово. Проектот има за цел да ги подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинското учество на вмреженото граѓанско општество, со посебен фокус на промоција на волонтерството.

Подоле на ликот следи прирачникот :

https://vcs.org.mk/mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%bd%d0%b8%…

Login (0)