Повик за вработување постар/а истражувач/ка

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во рамки на својот Центар за добро управување, отвара повик за вработување постар/а истражувач/ка со целосно работно време (40 часа неделно) и вклучени придонеси за период од 1 година со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот.
Потребни знаења и вештини:
• Тековни или завршени постдипломски студии од областите на општествените науки, како политологија, економија, социологија или право;
• Најмалку 5 (пет) години работно искуство во најмалку едно релевантно подрачје, на пр. антикорупција, владеење на право, политичка економија и развој итн.)
• Високо ниво на познавања на академско пишување и пишување документи за јавни политики;
• Високо ниво на познавања на квалитативни и квантитативни методи за истражување, и практично искуство;
• Високо ниво на познавања на софтверски алатки за обработка на податоци и визуелизација на податоци, и практично искуство;
• Одлично познавање на Office со посебен акцент на Excel;
• Напредни познавања за развивање проектни апликации, управување со проектен циклус и подготовка на наративни извештаи;
• Одлични вештини за застапување, комуникациски вештини и способност за работа во тим;
• Способност за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови; Одлично познавање на англиски јазик
Работни обврски:
• Развивање истражувачки продукти, проектни апликации и спроведување тековни проекти;
• Редовно обезбедување податоци, анализи и извештаи за потребите на центарот, програмскиот директор и донаторите;
• Изработување документи за јавни политики;
• Раководење со истражувачки активности;
• Редовна и навремена соработка, и комуникација со останатите организациски единици на ИДСЦС.
Предност ќе имаат кандидати со високи познавања во теорија и пракса на процесот на носење политики и добри познавања за застапување политики, како и кандидати кои имаат искуство во раководење со проектен циклус.
Плата
Почетна нето плата за оваа позиција изнесува 45000 денари (плус придонеси). Финалниот износ ќе биде определен од квалификациите на кандидатката/от.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат (со вклучена листа од минимум 5 авторски и/или ко-авторски публикации, од кои минимум една иницијално пишувана на англиски јазик) и пропратно писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk најдоцна до 27 август (недела – 23:59ч.) 2023 г. со назнака: Апликација за повик со бр. 0401-242-1/23. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју.
Целиот повик може да го погледнете тука:
Повик за вработување постар/а истражувач/ка