Повик за партнерски грантови - Цивика мобилитас
Почитувани,
Како што знаете рокот за аплицирање на Повикот за партнерски грантови е до 30 август 2023 г. до 13:00 часот. Во оваа порака сакаме да споделиме информации кои ќе ви бидат од корист при аплицирањето на повикот. За деталите околу повикот погледнете го Водичот за апликантите, но погледнете ги и одговорите на прашањата кои пристигнаа до нас во предвидениот рок.
Аплицирањето е онлајн, на платформата https://grants.mk каде што секоја од носечките организации и организациите партнери ќе мора да креираат профил за да може да поднесат апликација. До моментов речиси 200 организации се регистрираа, а околу 40 организации веќе работат на концепт нотата. Доколку сè уште немате направено профил, ве молиме направете го тоа што порано на https://grants.mk/applicant/mk/register.html и погледнете го Водичот за креирање профил доколку имате потешкотии во процесот. Доколку имате технички проблеми при регистрација контактирајте нè на support@grants.mk
За помош припополнување на Концепт нотата онлајн погледнете го Водичот за пополнување Концепт, а објавивме и формат за концепт нота во Ворд за полесно спремање на апликацијата офлајн.
Поздрав и пријатна работа,
Тимот на Цивика мобилитас