News
Новости

Покана за настан: Проект Грижи се-Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население на Западен Балкан

Хуманитарно добротворна фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС - Скопје, Асоцијација за Демократски развој на Ромите СОНЦЕ - Тетово и Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ - Скопје го имплементираат проектот “ГРИЖИ СЕ” - интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население во Западен Балкан финансиран од Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, а координиран од Каритас Австрија.

Со задоволство Ве покануваме на иницијална онлајн средба на ден 18 ноември (четврток) од 11.00 до 12.30 часот преку платформата зум. Средбата има за цел запознавање со проектните компоненти, цели, корисници, очекувани резултати како и презентирање на теренската работа и досегашниот проектен напредок.

Ве молиме потврдете присуство на претставник на Вашата институција/организација најдоцна до 15.11/понеделник на следниот мејл: makedonski.karitas@gmail.com со испраќање на име и презиме на номинираниот претставник, работна позиција, контакт мејл и телефон за контакт. Линкот за настанот ќе Ви биде испратен дополнително после потврдата за учество. Работен јазик на средбата ќе биде македонски.

Login (0)

Сакаш да напишеш статија?

Не се двоуми да го направиш тоа!

Кликни на линкот подолу и започни со постирање на статијата!